Зошто децата во Холандија се посреќни од останатите деца во Европа?

Зошто децата во Холандија се посреќни од останатите деца во Европа?

На секое дете детството треба да му биде безгрижно, среќно и исполнето со убави моменти. Во нивното растење среќата треба да биде приоритет. Среќното детство е неопходно за правилен раст и развој. Но, за жал не можат сите деца да го искусат ова. Токму затоа и можеме многу да научиме од Холандија! Прочитајте зошто децата во оваа земја се посреќни од останатите?

Во светската база на листата за среќа од 2019-та година водат 4 скандинавски земји и одма зад нив е Холандија. Децата како важен дел од општеството чувствуваат поголема слобода и генерално се посреќни од нивните врсници во остатокот од Европа.

Холанѓаните и Данците се најмногу смирени во Европа и повеќе се фокусираат на развивање автономија отколку на послушност и тоа е добро за општеството. Децата се послободни, можат да прават што сакаат и така да откријат што навистина им се допаѓа, додека истовремено ги развиваат и нивните социјални вештини.

Во Холандија не постои фраза која буквално значи „ти си добро момче“ или „добро девојче“. Наместо тоа се вели: „браво“, „благодарам“ или „добро сработено“. Што се однесува до излегувањата, никој не се враќа во 3 часот наутро, но сепак остануваат до доцна. Децата таму имаат доволно слобода и тоа е многу важно.

Постојат податоци кои покажуваат дека трендот на консумирање алкохол и дрога со годините опаднал кај децата помеѓу 12 и 16 години. Уште една важна работа е што врсничкото насилство не е изразено. Во Холандија не можат да се видат млади луѓе како се малтретираат меѓусебно. Ако некој се обиде некого да го малтретира, тој што е на другата страна го игнорира.

Интересен податок е дека и сексуалната едукација во оваа земја почнува од 4-та година, а стапката на тинејџерска бременост е најниска во Европа. Плакатите во училиштето ги охрабруваат младите од сите сексуални определби отворено да зборуваат за тоа.

Изгледа дека заедничкото ангажирање на родителите и системот во Холандија дало одлични резултати. Тие дома имаат опкружување што им е голема поддршка, а истото е и со пријателите на училиште. Холандските родители даваат голема поддршка, а по контролирање се некаде на средина. Наставниците не се авторитативни туку ги прифаќаат чувствата на учениците, а учениците им веруваат нив.

Што мислите колку се среќни децата во нашата земја?

Прочитајте зошто треба децата да играат надвор во природа.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Психолог кој најдобро се изразува преку пишаниот збор. Нејзиниот личен лајтмотив гласи: „Остани своја и поинаква бидејќи само така ќе блеснеш во полн сјај!“

Поврзани содржини

Остави коментар