Вага и вага – пријателска комбинација

Вага и вага – пријателска комбинација

Сè е секогаш толку едноставно и совршено во пријателството помеѓу две ваги. Претставниците на овој хороскопски знак, најверојатно честопати се запрашуваат зошто не можат сите пријателства да бидат вакви. Најверојатно затоа што не се сите луѓе толку шармантни, остроумни и интелигентни како вагите.Вага и вага – пријателска комбинацијаПријателите родени во знакот вага споделуваат љубов кон достоинството и убавината и можат со часови да ù се воодушевуваат на некоја убава градба или на некои карактеристични историски гратчиња. Исто така, тие обожаваат да дебатираат на разни теми и да дискутираат за актуелните настани, притоа знаејќи дека разговорот никогаш нема да се „вжешти“, ниту ќе стане преемотивен.

Еден недостаток на ова другарство е тоа што двете ваги повеќе сакаат да креираат планови, отколку што реално ги реализираат. Ниеден од нив не сака да носи конечни одлуки. Ним им е многу позабавно да дискутираат за проблемот од секој можен агол, отколку навистина да преземат нешто во врска со него.

Како претставници на истиот хороскопски знак, нормално е дека вагите имаат многу заеднички работи, како љубовта кон разни видови уметност, уживањето во патување во странство, одење на забави, дружба со секаков тип луѓе, пеење или свирење на инструмент… Од спортовите, тие најверојатно би уживале вежбајќи гимнастика, јога, возење ролери, лизгање по мраз, играње балет и валцер и во сите останати достоинствени спортови.

———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар