КАФЕ ПАУЗА

Најдобри пријатели изградиле сопствен мини-град со цел да остарат заедно

Најдобри пријатели изградиле сопствен мини-град со цел да остарат заедно

Пријателствата понекогаш може да израснат во нешто толку длабоко, што ќе посакате да ги прославите на некој навистина посебен начин. Токму тоа го направиле овие најдобри пријатели!rnrnПромените се неизоставен дел од животот, а често знаат да бидат застрашувачки. Сепак, овде не зборуваме за промена на мебелот. Мислиме на луѓето кои ги оставаме зад себе како и на оние кои допрва ќе ги сретнеме во животното патување. Додека сме растеле, сите ние сме имале многу „најдобри“ пријатели, за кои никогаш не сме мислеле дека ќе нè остават. Но, тие го направиле тоа! Или можеби ние!? Како и да е, тоа е дел од животот.rnrnНајдобри пријатели изградиле сопствен мини-град со цел да остарат заедноrnrnВеројатно ќе се изненадите кога ќе слушнете дека постои група пријатели кои се толку блиски едни со други, што одлучиле да си изградат сопствен мини-град. Идејата зад сето тоа е тие да живеат заедно кога ќе почнат да стареат.rnrnЧетирите парови биле пријатели со децении, но се соочиле со тешкотијата да се задржат сите заедно во истиот град. Тоа било појдовна точка за да започнат со потрага по решенија. Со оглед на состојбата во која моментално се наоѓа светот, тие се обиделе да најдат одржливи простори за живеење, кои нема да ѝ штетат на животната средина. Дали е потребно да се каже дека тие опции биле прескапи?rnrnСепак, меѓусебната пријателска поврзаност била доволен предизвик за тие да ги искористат своите финансии и да изградат мал град надвор од Остин, Тексас, во близина на реката Ллано. Живеалиштата кои ги избрале чинат по околу 40.000 американски долари, а се дизајн на Мет Гарсија, кој гарантира дека кабините ќе ги издржат сите временски услови и ќе траат низ годините.rnrnКабините имаат накосени покриви, рефлексивни ѕидови, буриња со вода (со капацитет од околу 19.000 литри) и изолирани прозорци. Најдоброто е тоа што сè ова е во економичен и ефикасен манир! Во овој момент, нив им останува само да се пензионираат и конечно да се вселат и да уживаат со своите најдобри пријатели!rnrnhttps://youtu.be/V5SKwwMPZk8rnrnДа се обидеме да дојдеме до главната поента. Како да ги задржите таквите пријатели во вашиот живот?rn

Бидете чесни

rnНикогаш не ги лажете пријателите за работи кои можат да предизвикаат лоши последици. Едноставно, зборувајте ја вистината! Ако некого тоа го повредува, обидете се да му ја објасните вашата причина за таквиот пристап. Доколку лажете, може да се доведете до ситуација да се засрамите самите себе. Вашите пријатели не го заслужуваат тоа!rn

Простувајте

rnСпротивставените ставови помеѓу пријателите се сосема вообичаени. Тоа не значи дека ако за нешто не се согласувате, не треба ни да се дружите. Секое недоразбирање може да се реши на еден или на друг начин. Обидете се да не ги сфаќате работите премногу лично и решавајте ги проблемите. Опростете им на другите, но и себеси!rn

Бидете сочувствителни

rnНемојте да вршите голем притисок врз вашите пријатели – така може да бидат присилени да се однесуваат на одреден начин кога се со вас. Вие сте пријатели и нема потреба од маски на лицето. Доколку цврсто се обидуваат да направат нешто од сопствениот живот, немојте да ги омаловажувате во таа намера! Тоа е начинот на кој пријателството ќе оди во нагорна линија.rnВистинското пријателство вреди злато. Никогаш немојте да дозволите тоа да се растури!rn

Автор: Зоран Крстески

rnПрочитајте ги овие 15 креативни начини за запознавање нови пријатели во возрасните години.