Дрво со шарено стебло
Можеби овие дрвја ви изгледаат како да се обоени со темперни бои, но нивната боја е во суштина, дело на природата. Ова специјално дрво е наречено „Eucalyptus deglupta“, а попознато е по името „Rainbow Eucalyptus“ (Еукалиптус-виножито). Колоритните пругасти „чкртаници“ на неговото стебло, се лупат секоја година, при што се покажува светло зелената боја на внатрешноста од дрвото. Овој слој од дрвото потоа потемнува и повторно се создаваат бои како сина, виолетова, портокалова, жолта, црвена и костенлива. „Eucalyptus deglupta“ е единственото дрво од видот еукалиптус, кое природно го има на северната хемисфера. Тоа расте природно на островот Нова Британија, во Нова Гвинеја, крај морето Серам, на островите Сулавеси и Минданао. Денес, дрвото се одгледува на многу места во светот, најмногу поради струготините кои се користат за производство на хартија или за изработка на декоративни предмети.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.