КАФЕ ПАУЗА

Дознајте каков магичен подарок сте добиле на денот на вашето раѓање

Дознајте каков магичен подарок сте добиле на денот на вашето раѓање

Случајности не постојат. Сè во нашиот живот се случува со посебна причина. Патем, од гледна точна на алхемијата, окултноста и нумерологијата, вашиот датум на раѓање не е само збир на броеви. Тој сведочи за волшебниот подарок што сте го добиле кога сте дошле на овој свет.rnrnДознајте каков магичен подарок сте добиле на денот на вашето раѓањеrnrnНе е важно дали верувате или не. Дури и ако никогаш не сте се обиделе да дојдете до овој податок, знајте дека тој поклон отсекогаш бил составен дел од вас. Во него се наоѓа целата моќ која ве води напред во животот.rnrnКако се пресметува магичниот број? На пример, доколку сте родени 1 август 1978 година, соберете ги сите броеви сè додека не добиете едноцифрен број – тој број е вашиот магичен број.rnrn1 + 8 + 1 + 9 + 7 + 8 = 34 = 3 + 4 = 7.rnrnСпоред овој пример, вашиот број е 7. Пресметајте и откријте го значењето подолу…rnrn

Значење на бројот 1

rnОвој број значи создавање. Се верува дека родените под овој магичен број имаат најмногу магични способности. Тие го имаат клучот од царството на магијата. Овие личности имаат неверојатна волја.rnrnПредупредување: Обидете се да не манипулирате или да не го користите вашиот подарок за да контролирате сè околу вас.rnrnВашиот подарок: Неверојатна волја и храброст.rn

Значење на бројот 2

rnПремногу сте чувствителни на енергијата која ве опкружува. Многу повеќе отколку останатите. Најверојатно, уште од најрано детство сте имале разбирање за другите личности. Вие знаете како да сочувствувате. Вашиот магичен подарок се наоѓа во вашето срце, како и во „третото око“. Само вие можете да им ја олесните болката на другите.rnrnВашиот подарок: Емпатија и интуиција.rn

Значење на бројот 3

rnВие сте комбинација на три личности во една. Божица на раѓањето, љубовта и смртта. Девица, мајка и старица. Во вас секогаш е присутна моќта на создавањето и моќта на уништувањето. Луѓето честопати велат: „Внимавајте што посакувате!“ Знајте дека оваа поговорка е за вас. Вистината е дека вашите мисли и желби лесно се преточуваат во реалност.rnrnВашиот подарок: Создавање и уништување.rn

Значење на бројот 4

rnОвој број симболизира четири елементи: оган, вода, земја и воздух. Вие сте прилично мудра личност. Бидејќи ги привлекувате сите елементи, многу е тешко некој да ве демне или да ве проколне. Тоа е затоа што овие четири елементи создаваат штит околу вас.rnrnВашиот подарок: Огромна магиска моќ.rn

Значење на бројот 5

rnОвој број е поврзан со петтиот елемент – духот (наречен Етер според древната грчка магија). Личностите родени под овој број се во постојан контакт со духовното кралство. Лесно можат да комуницираат со душите кои се наоѓаат на другата страна.rnrnВашиот подарок: Комуникација со души кои се наоѓаат на другата страна.rn

Значење на бројот 6

rnОвој број е симбол на Сонцето. Вие во себе имате силен проток на енергија, бидејќи вашиот магичен подарок потекнува од Сонцето. Вие скоро сте семоќни. Вие сте лидери, но не заборавајте дека големата моќ носи и голема одговорност.rnrnВашиот подарок: Лекување.rn

Значење на бројот 7

rnВие сте родени под покровителство на Месечината. Таа ви дава магични моќи. Вие имате голема интуиција која е силно развиена во вас. Штом почнете да сонувате нешто, тоа веднаш се остварува. Користете го својот подарок мудро.rnrnВашиот подарок: Визии и пророчки соништа.rn

Значење на бројот 8

rnОвој број се смета за еден од најволшебните броеви, а вие најверојатно имате огромна волшебна моќ. Вие знаете што е правилно и сте непогрешливи во тоа.rnrnВашиот подарок: Алхемија и манипулација со енергијата.rn

Значење на бројот 9

rnОва е број каде што завршува сè и тој ја симболизира смртта. На вас смртта ви дава моќ, бидејќи единствено смртта може да предизвика повторно раѓање. Вие сте уметничка душа и го гледате светот нестандардно. Имате моќ за лекување на другите луѓе. Личностите родени под овој број често се шамани, бидејќи јасно го гледаат оној спиритуален свет.rnrnВашиот подарок: Астрална проекција и чувар на духот на магијата.rnrnДознајте ја и пораката што ви ја носи вашето духовно животно според неделата на раѓање.