10 причини поради кои вреди да се чека вистинската љубов
Не постои човек на планетава што не бил заљубен барем еднаш во животот. Ако не сте биле заљубени сигурно постои некој што многу ви се допаѓал, но никогаш не ви успеало да бидете со него. Тоа е дел од животот и секој го доживува. Што кога е во прашање вистинската љубов? Ако досега ја имате најдено вие сте среќници, а ако не прочитајте ги следниве причини зошто вреди да се чека вистинската љубов.
1. Не ги игнорирајте знаците на опасност
Вашата интуиција е тука со причина, вие чувствувате нешта со причина. Вашето тело ве познава вас многу повеќе отколку што ве познава мозокот и тоа е тука да ве води низ патеките на животот без да ви биде нанесена болка. Лесно е да бидете заслепени од некого, особено во раните фази откако почнувате да се гледате. Ако постои некакво мало претчувство дека нешто не е во ред, заминете, бидејќи тоа повторно ќе се појави подоцна.
2. Не се задоволувајте со помалку отколку што заслужувате
Тој сака фудбал, вие сакате тенис. Ова не е причина да не му дадете шанса. Тука зборуваме за начинот на кој се однесува кон вас, начинот на кој разговара со вас. Прави да се чувствувате посебно или се чувствувате безначајно покрај него? Дали ве поддржува кога се чувствувате лошо или ве прекорува дека премногу драматизирате? Сите овие нешта се клучни кога треба да ја најдете вистинската личност за вас. Вие заслужувате подобро, не се откажувајте во потрагата.
3. Дали е љубов или страст?
Љубовта и страста се две различни работи. Ако можете во некого да ги најдете двете, тогаш таа е вистинската личност. Некогаш сме толку физички привлечени од некого и честопати тоа го мешаме со љубов. Дали сте се нашле во ситуација да копнеете по некого многу брзо и исто толку брзо одеднаш ништо не чувствувате? Да, тоа не е љубов. Ќе знаете дека е љубов кога и после 6, 12 или 24 месеци ќе копнеете за него.
4. Дали тој е во вашата приказна?
Секој има приказна, се согласувате? Дали кога бевте помлади знаевте да замислувате совршен крај на бајките? Како и да е сигурни сме дека ја имате замислено вашата иднина и со кого би сакале да завршите. Сигурно е дека очекувањата можат да се чинат нереални, но вие ги чувствувате сите овие нешта со причина и ако некогаш се приближите до сонот, ќе знаете дека личноста е вистинска за вас.
5. Ниедна љубов не е иста
Нема црно или бело во патеките на љубовта. Во неа нема правила, а ниту може да се најдат 2 личности што се исти. Притисокот може да направи да се чувствувате безбедно и да „заглавите“ со некого од погрешни причини. Сечија љубов е различна и вие треба да го слушате сопствениот ритам без да ги земате предвид судовите на луѓето околу вас.
6. Временското усогласување може да биде лошо
Можеби ќе сретнете некого сосема случајно за време на вашето патување и вие двајца ќе се поврзете многу силно и помеѓу вас ќе се развијат интензивни чувства. Поминувате 3 недели заедно, но се чини како да поминале 3 години, но мора да се разделите. Дури после речиси 2 години подоцна се среќавате повторно и се јавуваат уште посилни чувства од претходно. Вистината е дека првиот пат кога сте се сретнале не сте биле временски усогласени, но не значи дека така ќе биде засекогаш. Можеби живеете во две различни земји, но ако треба да бидете заедно ќе се усогласите временски и ќе се споите.
7. Можете да бидете посреќни
Никој не е совршен и секогаш ќе најдете некој што ќе ги исполнува сите ваши критериуми. Но, можете да најдете некој што исполнува малку од нив, но го вади најдоброто од вас. Постојат парови што се целосно различни за кои мислите дека никогаш не би успеале, но тие балансираат и го вадат најдоброто еден од друг и тоа е нешто кон кое треба сите да целат.
8. Не се чувствувајте лошо ако сте скршиле неколку срца
Кршењето на нечие срце не е пријатно и никому не го посакуваме. Ако чувствувате дека со некого сте поради погрешни причини, пуштете го додека можете. Помислете колку ќе биде посреќен ако најде некоја што му одговара и која ќе му даде сè? Понекогаш треба да ја направиме најтешката работа за да биде најдобро и за нас самите и за партнерот кој повеќе не го сакаме.
9. Ќе знаете кога знаете
Можеби мислевте дека вистинската љубов е само мит. Верувате во соништата, филмовите и класичните бајковити приказни, но живеете во реален свет? Кога чувствата кон некого се интензивни, а ист таков е и контактот со очи, кога ви доаѓаат морници кога ќе го погледнете ќе знаете дека е љубов. Секогаш кога се бакнувате и се разделувате вие сте луди еден за друг. Кога ќе нема никаква причина за сомневање дека тој е вистинскиот, едноставно ќе знаете и ќе го почувствувате тоа.
10. Не се откажувајте
Може да поминат месеци, па дури и години додека не го најдете совршениот/совршената партнер/ка. Ако бидете сами 3 години пред повторно да се заљубите е во ред и никој не вика дека тоа е лесно. Можеби ќе излегувате со многумина, но никој нема да го разбуди она добро познато чувство како кога првпат бевте вљубени. Имате право да помислите дека сте скршени, бесчувствителни или дека не сте способни да се заљубите повторно, но тоа не е точно. Љубовта се случува кога временското усогласување е правилно. Таа не е црна или бела и никоја приказна нема ист крај. Верувајте ѝ на вашата интуиција, верувајте му на времето и верувајте дека љубовта ќе ве однесе до вистинската личност. На крајот ќе испадне сè како што треба да биде, само не се откажувајте.
Дознајте и кои знаци покажуваат дека бегате од љубов.