КАФЕ ПАУЗА

Суеверија: Резултат на потсвеста, желбите или чиста имагинација?

Суеверија: Потсвест, желба или имагинација?

Кога влегувате за прв пат во нечиј дом, треба да си замислите желба. Кога црна мачка ќе ви го пресече патот, ве очекува несреќа. Доколку седете спроти раб на маса, нема да се омажите. Што мислите, дали постои вистина во овие суеверија?rnrnСуеверија: Потсвест, желба или имагинација?rnrnВо многу традиции, па и во нашата, се задржале многу обичаи од постарите времиња кои денес се сметаат за суеверија. Тие најчесто се однесуваат на бременоста, свадбите и слично. Кој знае, можеби има вистина во некои од нив? Или пак, тие се поврзани со нашата потсвест, желби и имагинација?rnrnВо продолжение прочитајте дел од суеверијата:rn

Црковен праг

rnВо Англија се смета дека доколку невестата прва го пречекори прагот, целиот живот ќе му биде „газдарица“ на својот маж.rn

Чајник

rnДоколку скршите чајник за време на подготовката на чајот, ве очекува лоша среќа.rnrnДоколку чајот го мешате со лажица во чајник, ќе се скарате со пријателите.rnrnДоколку имате чајник кој свири кога испушта пареа, знајте дека неговиот звук претставува добра среќа, а истовремено и повикува дожд.rn

Чаша

rnДоколку пиете од туѓа чаша, ќе ѝ ги дознаете мислите на таа личност.rnrnДоколку на некој му подавате чаша со пијалак преку нечија глава, личноста преку која подавате, утредента ќе има главоболка.rnrnДоколку ви падне чаша и не се скрши, ќе бидете повикани на свадба од страна на непозната личност.rn

Дете

rnМашкото дете кое наликува на својата мајка, ќе има среќа во животот.rnrnКога ќе се роди дете, најдобро е мајката прва да му подари нешто, бидејќи така тоа ќе биде среќно цел живот.rnrnДоколку горниот дел од телото на новороденчето е збрчкано, следното дете што ќе го роди мајката ќе биде од спротивниот пол.rnrnДоколку детето проголта влакно, треба да му се даде пире и путер, а следниот ден маслиново масло.rnrnДоколку бакнете дете кое прв пат го гледате, тоа ќе ви донесе среќа. Исто ќе ви донесе среќа доколку му ги бакнете стапалата.rnrnДоколку му дадете храна на дете кое прв пат го гледате, ќе му обезбедите живот во кој ќе нема недостиг на храна.rnrnДоколку жената сонува дека нејзината мајка добила ново бебе, таа наскоро може да затрудни.rnrnДоколку жената роди девојче, тоа значи дека таа е посилна од мажот (и обратно).rnrnКолку чворови има на папочната врвца на првото дете, уште толку деца ќе роди неговата мајка.rnrnДоколку наидете на цуцла, наскоро ќе имате принова во семејството.rnrnЖена која прв пат оди на гости за да види новороденче, ако го земе во раце, и самата набрзо ќе стане мајка (важи особено за мажени жени).rnrnДоколку ја продадете лулката на бебето, ќе му донесете несреќа.rnrnСе вели дека детето нема сериозно да почне да расте сѐ додека не падне 3 пати од креветот, односно ќе биде интелигентно доколку падне од креветот пред да наполни 1 година.rnrnДетето кое често се гледа во огледало ќе стане тажно, а она кое ги држи цврсто рацете во тупаници ќе биде себично.rnrnАко ве обвини детето и седне сред соба, тоа е знак дека наскоро ќе ви дојдат гости, а ако ве обвини и појде кај вратата, гостите ќе ви донесат разочарување.rnrnДете кое постојно плаче како мало, ќе израсне во личност со добар карактер.rnrnДецата кои брзо почнуваат да зборуваат, слабо одат.rnrnДоколку детето го цица палецот, ќе има неправилни горни заби.rnrnДоколку постојано го оставате детето да спие во една положба, тоа ќе има проблеми со црниот дроб.rn

Гости

rnДоколку сакате гостите побргу да си заминат, поставете метла позади вратата од собата во којашто седат, но со рачката вперена кон нив. Се верува дека ова ќе го забрза нивното заминување.rn

Кревет

rnДоколку станете од кревет на лева нога, цел ден ќе ве следи лоша среќа. Исто така, треба да станувате на истата страна на којашто сте легнале.rnrnДоколку жената остави пелена под туѓ кревет, тогаш во таа куќа наскоро ќе се роди дете.rnrnДоколку две личности раздигнуваат еден кревет заедно, тогаш тие ќе се скараат. Оние што го раздигаат креветот во недела, ќе имаат лоша среќа.rnrnЛошо е да почнете да го раздигнувате креветот, а да го оставите недосреден и да се зафатите со некоја друга работа.rnrnСекогаш менувајте ја постелнината на ноќ без месечина и никогаш нема да имате инсекти и штетници во креветот.rnrnНе ја пеглајте постелнината за да не ве следи несреќа.rnrnЗа среќа, раздигнувајте го креветот рано наутро. Доколку постелнината ја навлечете наопаку, тоа е знак дека набргу ќе се селите.rn

Куќен праг

rnПостојат различни верувања за тоа дали треба да се стапне на прагот при излегување од куќата. Некои сметаат дека тоа е знак за среќа, додека пак други тврдат дека под прагот живеат лоши духови кои би можеле да ги вознемирите.rnrnДоколку ве исплука циганка пред куќниот праг, можете да се сметате за среќник.rn

Метење

rnНикогаш не ја метете куќата навечер бидејќи може да ги навредите духовите кои можат да ве урочат.rnrnНе го фрлајте правот од метлата низ влезната врата, бидејќи на тој начин ја исфрлате својата среќа.rnrnДоколку млад човек влезе во куќа во којашто моментално се мете, тоа е знак дека нема да се ожени таа година.rn

Метла

rnКога носите метла никогаш не дозволувајте таа да се влече по подот.rnrnНикогаш не ја потпирајте метлата на кревет, бидејќи на тој начин ги будите лошите духови кои излегуваат од неа и влегуваат во предметите во вашиот дом.rnrnДоколку метлата ви испадне од рацете додека стоите пред врата, тогаш очекувајте гости. Но, никако не метете веднаш по нивното заминување бидејќи ќе им нанесете несреќа.rn

Младенци

rnДоколку жената брзо ја износи облеката што ја носела на свадбата, секогаш ќе има пари. Исто така, ќе живее во изобилие доколку на денот на нејзината свадба го носи велот што го носела нејзината баба. Но, не треба да го покажува на никој.rnrnДоколку невестата го изгуби прстенот, нема да има среќа со својот сопруг. Поточно, првата година од бракот таа никако не смее да го вади од прстот.rnrnДоколку невестата види пајак на нејзината венчаница тоа претставува добар знак.rnrnПозајмувањето венчаница ѝ носи среќа на онаа личност која ја позајмува, но несреќа на онаа на која ѝ се позајмува.rnrnДоколку ја задржите својата венчална облека, нема да можете да напредувате.rnrnДобро е да го наследите венчалниот прстен од вашата мајка и со него да се венчате.rn

Невестински букет

rnДоколку сте меѓу почесните гости и имате намера да го ловите букетот кој се фрла за време на свадбата, замислете си желба во оној момент кога невестата ќе го фрли. Доколку успеете да го фатите, однесете го дома, одврзете една врвца од него и вашата желба ќе се исполни.rn

Невестински превез

rnНе пробувајте невестински превез, бидејќи тоа е знак дека нема да се омажите. Од друга страна, невестите што носат превез така се заштитени од уроци.rn

Нож

rnАко сакате се ослободите од некој напорен додворувач подарете му нож.rnrnОбично се верува дека доколку ви падне ножот од рака, ќе ве посети машка личност или полицаец. Според други верувања – гладна женска личност.rnrnДоколку ножот при паѓање се забоде во подот, тоа е знак за среќа.rnrnЛош знак е доколку ножот ви падне додека седите и јадете. Некои веруваат дека после ова треба да престанете со јадење, а други дека треба сосема да се тргнете од масата.rn

Бакнеж

rnБакнежот во уста носи добри работи. Нашите предци верувале дека издишаниот здив е магичен, односно дека во него има траги од душата на човекот која го издишала, па така со бакнувањето всушност ја мешате вашата душа со душата на личноста со која се бакнувате.rnrnДоколку мажот бакне друга жена пред својата, ќе го следи несреќа. :Drn

Скали

rnДоколку паднете по скали тоа е знак дека наскоро ќе се збогатите.rnrnДоколку сакате да ја сонувате личноста со која ќе стапите во брак, тогаш треба да изброите 13 скали во 13 последователни ноќи.rn

Маса

rnНемојте да спиете или да пеете на маса, бидејќи тоа носи несреќа.rnrnТрошките од масата никогаш не ги фрлајте на подот бидејќи така секогаш ќе бидете сиромашни.rnrnНикогаш не седете на маса, бидејќи тоа ќе ви донесе несреќа.rnrnКога ја поставувате масата за јадење, секогаш прво ставајте ја солта. На тој начин ќе се осигурате дека личностите кои ќе седнат на масата ќе ви останат доживотни пријатели.rn

Стол

rnДоколку детето си игра со стол, ќе привлече несреќа во домот.rnrnДоколку ви се преврти стол, кренете го, но немојте да седнувате веднаш на него бидејќи тоа носи несреќа.rnrnДоколку пукне ногарката на столот, имајте предвид дека имате непријатели.rnrnДоколку столиците ги поставите во еден ред додека го бришете подот, наскоро ќе одите на погреб.rn

Шеќер

rnЗа да ги прекинете постојаните расправии во семејството, фрлете малку шеќер на подот. Потоа, изметете го шеќерот со лопатка и запалете го, па расправиите ќе исчезнат.rnrnДоколку го миете садот за шеќер во недела, ќе имате полна куќа со луѓе.rn

Трудница

rnДоколку бремената жена најпрвин се прошири во колковите, ќе роди машко дете.rnrnТрудниците не смеат да пречекоруваат метла, бидејќи ќе им се роди влакнесто бебе.rnrnДоколку на трудницата ѝ се појават дамки на лицето, ќе ѝ се роди женско бебе.rnrnДоколку жената јаде овошје во кое два плода се сраснати во еден ќе роди близнаци.rnrnДоколку трудницата го пречекори мажот во кревет, тој ќе претрпи исто толку болка колку што таа ќе претрпи за време на породувањето.rnrnТрудницата пред породување треба да пие чај од ленено семе за полесно да се породи.rnrnДоколку трудницата во текот на бременоста се дружи со луѓе кои имаат кадрава коса, нејзиното дете ќе има иста таква коса.rnrnДоколку трудницата јаде премногу слатки, нејзиното идно дете нема да ги поднесува. Ако пак многу сака да јаде јаболка или банани, и нејзиното дете ќе сака да ги јаде овие овошки.rn

Виљушка

rnДоколку ви падне виљушка, тоа е знак дека ќе ве посети пријател. Обично се вели дека доколку испуштите виљушка од раката, ќе ве посети жена.rnrnДоколку некој ви подари виљушки, таа личност ви ласка и ви се подмилкува.rnrnНикогаш не дозволувајте на масата да стојат две прекрстени виљушки, бидејќи тоа е знак за неволја.rn

Венчален прстен

rnВо времето на старите Египќани венчалниот прстен се носел на 3-тиот прст на левата рака. Тие верувале дека средниот прст е директно поврзан со срцето, па на тој начин личноста со тој прст можела да почувствува зло при допир.rnrnПрочитајте ги и овие 10 интересни суеверија за ѕвездите.