КАФЕ ПАУЗА

5 едноставни начини да се исполните со оптимизам и да ги наполните батериите

5 едноставни начини да се исполните со оптимизам и да ги наполните батериите

Written by

in

,

Не е голема тајна дека оптимистите се среќни луѓе, а оптимизмот често се поврзува со задоволството од животот. Кога сте во такво расположение не само што ја гледате иднината во попозитивно светло туку и проблемите ви се чинат поедноставни и решливи. Кога ќе дојдете до таква фаза, животот ќе ви изгледа исполнет и со повеќе смисла.rnrn5 едноставни начини да се исполните со оптимизам и да ги наполните батериитеrnrnДоколку не гледате позитивен исход од ниедна ситуација и не сте духовно среќни, време е да почнете да го „вежбате“ вашиот оптимизам и надежта за посветла иднина.rn

1. Мислете позитивно за иднината

rnПоминувајте околу 15 минути дневно во размислување или пишување на најдобрите можни околности што иднината може да ви ги донесе. Во тоа вклучете повеќе ваши цели и соништа. Фантазирајте за најубавите можни сценарија кои ќе ги донесат идните денови. Овие вежби, како еден вид медитација, ќе ви го поправат расположението и ќе влијаат на вашата потсвест.rn

2. Без стриктни цели и рокови

rnНаместо секоја вечер да размислувате што ќе направите следниот ден, фокусирајте се на 3 работи што сакате да ви се случат наредниот ден. Одберете една работа и препуштете му се на тоа искуство цели 5 минути. Потоа преминете на следната. На тој начин ќе се ослободите од лошото расположение, емоционалната исцрпеност и вашето песимистично расположение.rn

3. Сами создадете прилики

rnРазмислувајте за начините на кои сами ќе можете да создадете одредени позитивни искуства. Тоа може да бидат активности како што се одмор, уживање во природа или дружење со драги личности.rn

4. Потсетете се на убави спомени

rnПоминувајте време во размислување за убави моменти од минатото и надевајте се дека и иднината ќе биде таква. Носталгичните моменти имаат посебно место во нашите срца, ги поврзуваат луѓето и го прават животот поубав.rn

5. Слушајте музика

rnСите имаме омилени песни што ни предизвикуваат насмевка на лицето само што ќе ги чуеме. Слушајте ги со посебно внимание и поврзете ги со убави сеќавања кои ќе ви ги подобрат самодовербата и расположението, а со тоа воедно ќе се зајакне вашиот оптимизам.rnrnКога очекуваме добри работи во животот поголеми се шансите да се чувствуваме подобро, а тоа на крај ќе ни донесе повеќе надеж и поголема свесност за своите квалитети.rnrnДознајте како да ја вратите вашата надеж кога се чувствувате немоќно.