Загубените ботанички градини

Загубените ботанички градини

Загубените градини од Хелиган, се најпознатите ботанички градини во цела Велика Британија, а се наоѓаат во близина на Корнвел. Градините биле создавани од страна на семејството Тремејн, во периодот од средината на 18-от век до почетокот на 20-от. Во тој период градините станувале сè поголеми и поекстравагантни како што се менувале генерациите. Загубените ботанички градиниПред почетокот на Првата светска војна, семејството вработило 22 луѓе да се грижат за градината, но сите заминале да се борат за својата земја. Поголемиот дел не се ни вратиле, а градините останале запуштени. Имотот низ годините бил издаван на други луѓе, па така сè до 1990 година, тие не биле повторно откриени.Загубените ботанички градиниЗагубените ботанички градиниНив повторно ги открил еден далечен роднина на семејството Тремејн, а реставрацијата на градините била извршена од компанијата „Tim Smit“. Градината сега е прекрасна и е составена од повеќе сегменти. Има неколку езерца кои се полнат со помош на пумпа стара повеќе од 100 години, делови насадени со зеленчук, цвеќиња, дрвја, како и добро познатите камени скулптури.Загубените ботанички градиниЗагубените ботанички градиниЗагубените ботанички градиниЗагубените ботанички градиниЗагубените ботанички градиниЗагубените ботанички градини

———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар