4 причини поради кои смудито е извор на здравје и најдобра идеја за појадок во летните денови!
Лесната исхрана и високите температури одат рака под рака. Во летниот период се препорачува консумирање поголемо количество овошје, зеленчук и секако пиење вода, а се предлага избегнување тешки оброци кои долго се подготвуваат. Токму затоа и смудито е совршено за вас! Прочитајте ги следниве причини поради кои уште сега треба да си приготвите смуди.
1. Лесно се подготвува
Наутро кога брзате за на работа и покрај тоа имате уште неколку обврски, најбрз начин да подготвите оброк е да ставите сè во блендерот и да изматите неколку секунди. Звучи лесно, зарем не? Ако сакате уште побрза подготовка: подгответе сè една недела претходно или вечерта пред да ги претворите во енергетско смуди комбинациите од овошје и зеленчук, па и додатоците кои дополнително го подобруваат вкусот.
2. Освежува
Смудито е како ладен густ сок – ќе ве освежи бидејќи намирниците најчесто ги чувате во фрижидер, а со тоа нема да ви се подуе стомакот.
3. Можете да го пиете секаде
Доволно е само да го турите во омилената чаша или шејкер и можете да го носите апсолутно насекаде. Ако не стигнете да го испиете дома, земете го со вас.
4. Одлично е за метаболизмот
Смудито често го нарекуваат и суперхрана заслужна за слабеење – кога паметно ќе ги споите состојките. Покрај тоа, со користењето свежо овошје и зеленчук ќе внесете доволно количество хранливи влакна што ќе ве одржуваат сити до следниот оброк, што значи дека нема да имате желба за непотребни ужини, слатки и грицки. Ако во мешавината додадете и ленено семе, спанаќ, чиа семе, кокосово масло, цимет или ѓумбир – наскоро ќе забележите дека стомакот ќе ви се намали и изгледот ќе ви се подобри.
Овој пијалак е совршен оброк кој во текот на денот ве снабдува со многу витамини, минерали и енергија, но без чувство на потешкотии кои се јавуваат на пример кога јадете тестенини.
Експериментирајте со различни намирници и правете свои комбинации што ќе ги обожавате!
Доколку сте љубител на кафе погледнете го и овој рецепт за кафе и појадок во едно смуди.