Мали совети за да ги избегнете ситниците што можат да ви го уништат одморот

Мали совети за да ги избегнете ситниците што можат да ви го уништат одморот

Веќе го имате испланирано вашиот летен одмор и се надевате дека ќе ви биде најдобриот досега. Додека ги завршувате последните подготовки, ви се појавуваат анксиозни мисли за сè што може да тргне во погрешен правец… Но не грижете се, ние имаме совети како да бидете подготвени за секој проблем на којшто можете да наидете за време на вашиот одморот.

(1) soveti-kako-da-gi-izbegnete-sitnicite-koi-mozhat-da-vi-go-unishtat-odmorot

Сончаница

Сите сакаме темен тен и немаме никаков проблем со сончањето со часови, сè додека не го добиеме посакуваниот бронзен тен. Но, доколку се претера, може да доведе до сончаница која воопшто не е пријатна. Таа се манифестира преку покачена температура, сува кожа, црвенило и чешање во вид на алергија, гадење, вртоглавица и слично – симптоми кои дефинитивно никој не сака да ги искуси за време на одморот.

Затоа внимавајте почесто да поминувате време под сенка, да се разладувате во морето или базенот и задолжително да нанесувате крема со заштитен фактор. Доколку се случи да претерате со сончањето, тргнете се од сонцето, истуширајте се со топла вода, внесете доволно течности за да се разладите внатрешно и одмарајте. Ладните облоги исто така помагаат во намалувањето на температурата. По неколку часа би требало да се чувствувате подобро.

Проблеми со стомакот

Една од најлошите работи која може да ви се случи за време на одморот е стомачниот вирус. Факт е дека промената на климата, ладната вода, жешкото време и консумирањето лесно расипливи намирници се главните причини поради кои би можеле да заглавите во тоалет за време на одморот. Постои превенција која вклучува консумирање пробиотски препарати, како и свежо овошје и зеленчук, супи, јогурт и негазирана минерална вода.

(2) soveti-kako-da-gi-izbegnete-sitnicite-koi-mozhat-da-vi-go-unishtat-odmorot

Уринарни инфекции

Ако стомачниот вирус не е најлошата работа што може да ви се случи за време на летниот одмор, тогаш тоа се уринарните инфекции. Непријатната болка во долниот дел на стомакот и постојаната потреба за уринирање проследено со пецкање дефинитивно можат да ви го уништат одморот, и сето ова се случува поради дехидрација и влага.

Па, што можете да направите за да си помогнете во ваков случај? Најпрво, треба да пиете многу вода и никако да не го одложувате одењето во тоалет. Потоа, избегнувајте тесна облека и веднаш штом излезете од водата, облечете сув костим за капење. За секој случај, понесете и лекарства против уринарни инфекции.

Болка во заб

Високите, летни температури влијаат на проширувањето на крвните садови и го зголемуваат ризикот од размножување на бактерии, кои пак предизвикуваат инфекција, воспаление и болки. Сигурни сме дека не сакате да минувате низ вакви болки за време на одморот, па затоа ви предлагаме да извршите стоматолошки преглед пред заминувањето на одмор.

Освен тоа, имајте на ум да спакувате нови четки за заби како и сите останати производи за нега и грижа на вашите заби и уста. Во случај да се појави болка во некој заб, најдобро е да имате со вас аналгетик, а на болното место ставете ладна облога (од надворешната страна на образот). Стоматолозите советуваат никако да не ја плакнете устата со алкохол ниту пак да ставате аспирин директно на забот.

Дехидрација

Иако консумирањето течности е неопходно преку целата година, посебно внимание треба да обрнете за време на летниот период. Најдобриот превентивен совет кој можеме да ви го дадеме е да пиете доволно вода за безгрижно да уживате во летото!

(3) soveti-kako-da-gi-izbegnete-sitnicite-koi-mozhat-da-vi-go-unishtat-odmorot

Прочитајте и дали е паметно да ја одложите менструацијата за време на летниот одмор.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент по Македонски јазик и книжевност. Кога не пишува - чита, и обратно. Сигмунд Фројд, нејзините миленичиња, цртани, Фреди Меркјури, стари предмети и Мото ГП.

Поврзани содржини

Остави коментар