Интересно истражување: Пцуењето ја намалува болката при повреда
Според едно научно истражување, официјално можеме да кажеме дека пцуењето ја зголемува толеранцијата на болка дури за една третина. Група експерти, вклучувајќи ги д-р Ричард Стивенс, професор по психологија на Универзитетот Кил, експертот по јазик и автор д-р Ема Бирн, и лексикографот Џонатан Грин, спровеле истражување за да откријат како старите и измислените пцовки помагаат при толеранција на болка.
Експертите измислиле нови зборови, „twizpipe“ и „fouch“, сакајќи да увидат дали луѓето би можеле да ги користат при појава на болка за да си помогнат наместо да посинат.
„Сленгот содржи над 1.000 пцовки, но секогаш има место за додавање нови“, рекол Џонатан Грин, лексикограф и автор на „Речник на сленгот од Грин“ (Green’s Dictionary of Slang).
„Новиот збор треба да има значење, да биде корисен и ако е можно да биде и духовит. Пцовката не произлегува туку-така од никаде. Мора да има потекло за да може да се користи во лингвистиката“, додава тој.
Јазичниот експерт Ема Бирн, која помогнала во креирањето на двата нови збора вели:
„По долга дискусија, се одлучивме за пцовките кои беа најдобро општествено прифатливи и кои имаат некоја сличност со вистинските пцовки.“
Волонтерите ги тестирале новите зборови заедно со традиционалните пцовки и контролен збор додека нивните раце биле потопени во вода со мраз што ја тестирало нивната толеранцијата на болка и граница.
„Се чини дека пцуењето има емоционална поврзаност и тоа најверојатно се должи на околностите во кои ги слушаме овие зборови“, изјавил д-р Ричард, кој го водел истражувањето.
Новите зборови покажале слична емоција како постарите, но не помогнале во ослободувањето на болка. Повторувањето класичните пцовки се покажале како најдобра опција за зголемувањето на толеранцијата на болка. Волонтерите ги оцениле овие зборови како пет пати поемотивен од новите пцовки.
Експертите сė уште не се сигурни која е поврзаноста со пцуењето за време на болка, но откриваат полека.
Нашата длабока, емоционална поврзаност со пцовките може да биде причината која тие помагаат при толеранција на болка.
„Како фармацевт, бев заинтересиран да дознаам повеќе за ова истражување, бидејќи секогаш сакам да научам нови начини кои можат да им помогнат на луѓето во справувањето со нивната болка“, рекол фармацевтот Абрахам.
„Се надевам дека овие студии ќе го подобрат интересот кај луѓето за болка и самозаштита, кои се важни здравствени проблеми. Ги охрабрувам сите кои чувствуваат некаква болка да разговараат со фармацевт за тоа какви опции постојат за лекување“, додава тој.
Прочитајте ги и овие 5 причини зошто пцуењето ве прави посилни, посекси и поуспешни.