Тајната за вашиот успех се крие во личноста со која ќе стапите во брак
Знаеме дека најчесто паметните луѓе завршуваат заедно, но која е причината за тоа? Зошто некои парови се успешни во животот, додека кај други успехот ги одминал и двајцата? Нема сомнение дека луѓето кои ги пуштаме во нашиот најблизок круг на пријатели, влијаат на нашиот живот. На пример, доколку се опкружиме со луѓе кои одбиваат да стануваат рано наутро и да направат нешто, најверојатно и ние ќе се соочиме со истото. Луѓето со кои се опкружуваме влијаат на нашето напредување во животот. Кога станува збор за брак, нашите љубени имаат голема улога во тоа.
Според едно истражување објавено од Универзитетот Карнеги Мелон, брачниот партнер влијае на одлуките кои ги донесуваме, играјќи голема улога во тоа дали ќе успееме во животот или не. Името на оваа студија е „Врските со поддршка се поврзани со желбата за следење можности“, и била објавена во 2017 година.
Истражувањето било објавено во списанието Личност и социјална психологија и јасно навело дека брачните парови кои се поддржуваат повеќе би прифатиле предизвици кои ќе им помогнат на партнерите на долгорочен план. Тие играат голема улога, донесувајќи среќа и пораст на самата врската.
Колку повеќе вашиот партнер би прифаќал предизвици, толку попозитивна ќе биде вашата врска.
Истражувачите заклучиле дека ваквото однесување влијае добро на врската. Иако групата на која било извршено истражувањето била мала, 163 брачни пара, сепак резултатите излегле точни. Колку повеќе се пробива едниот партнер, толку е поголема веројатноста дека парот ќе се издигне на скалата за успех.
Прочитајте повеќе и за ова истражување што ни покажува дека најдобриот пат до успехот е сарказмот.