Татко и син од Јужна Австралија, нашле порака во шише од 1969 година, фрлена во океан, од страна на тогашниот 13-годишик Пол Гилмор од Велика Британија. Авторот на пораката скоро бил пронајден, и тој сè уште бил на море.rnrn
rnrnПол Елиот и неговиот син Џеј, за време на риболов, пронашле шише со порака во западниот брег на полуостровот Аир. Елиот го барал авторот на пораката, кој бил претставен како 13-годишно момче од Англија, кое патувало со брод по јужниот брег на Австралија, од Фриментал до Мелбурн. Покрај пораката била напишана и датата, 17 ноември 1969 година.rnrn
rnrnГилмор патувал со бродот „Ферстар“, кој превезувал британски имигранти во Австралија во 60-тите години. Тој ја оставил својата адреса во пораката со молба до оној кој ќе ја пронајде да му испрати одговор.rnrnМинатиот четврток била пронајдена неговата сестра која рекла дека Гилмор бил на крстарење на Балтичкото море и дека ќе биде воодушевен кога ќе ги слушне вестите.rnrnСестрата на Гилмор изјавила дека тој имал напишано 6 пораки, кои ги фрлил во океанот. Семејството на Гилмор живеело во Австралија до 1973 година, а подоцна се вратиле во Британија.rnrnОваа приказна потсетува на случајот со Тоња Иман, која пронашла порака во шише стара 132 години на островот Веџ. Пораката во шишето била напишана на германски јазик, на 12 јуни 1886 година. Музејот во западна Австралија ја потврдила автентичноста на оваа порака.rnrnПрочитајте и за оваа девојка која пронашла моќна порака во нова книга што целосно ѝ го променила животот.
Татко и син пронашле порака во шише стара 50 години и успеале да го најдат нејзиниот автор!
