10-те најпопуларни пениси во историјата на човештвото
Мажите често сакаат да се фалат со големината, без разлика дали се работи за автомобил, бицепс или паричник, правејќи ги да се чувствуваат подобро и мажествено. Исто е и со пенисот. А, како не би било? Покрај сите тие порно глумци кои задоволиле стотици жени со нивната алатка од 20+ сантиметри и многуте фатални Казанови, сосема е нормално секој маж да сака да располага со големина и да се покаже како одличен љубовник. Меѓутоа, не е сè во големината, барем не во големината на половиот орган – има нешто и во шармот и во моќта.
Низ историјата се спомнуваат познати имиња, љубовници, шармери, и нормално, нивните пениси. Премногу би било да се пишува за сите нив, па затоа ги одвоивме 10-те најпознати, кои оставија белег. Секогаш кога се зборува за најпознатите фатални мажи и нивните „гордости“, се спомнуваат токму овие имиња.
1. Наполен Бонапарта
Иако после неговата смрт било утврдено дека тој имал мал пенис, сепак припаѓа на листата на најзапаметените љубовници. Овој француски војник и политички лидер бил оженет само 2 пати, но според историските записи, за време на браковите имал многу љубовници. Се смета дека имал вонбрачни активности со над 20 жени. Можеби дури и многу повеќе. Неговата прва сопруга, Жосефина, која била постара од него, сметала дека Наполеон водел љубов многу брзо и жестоко, што дури го споредувала со пожарникар кој гасел пожар. Според гласините и записите кои се зачувани од тоа време, некои сметале дека тој бил склон и кон машкиот пол. Наводно имал проблеми со ендокрините жлезди, што резултирало со намалување на пенисот и тестисите. Неговите обожаватели пак, сметале дека лекарот кој не го сакал Наполеон, за време на неговата обдукција, му го отсекол пенисот. Дали е тоа мит или не, никогаш нема да се дознае. Сепак, Наполеон бил љубовник за сечиј вкус.
2. Григориј Распутин
Григориј бил руски мистик, за кој се верувало дека бил видовит и способен да лекува со помош на верата. Тој бил еден од најблиските соработници на царот Николај и неговата сопруга, царицата Александра. Тој станал контроверзна личност, не само поради неуредениот изглед и некултурното понесување, туку и поради скандалозниот живот кој го имал со жени од повисоката класа. Тој сметал дека само преку гревот може да се поврзе со Господ, па така завел стотици жени. Некои сметале дека спиел и со царицата Александра и нејзините ќерки. Постојат записи кои сведочат за машкоста на Распутин, постои дури и исповед на една од љубовниците, во која тврди дека оргазмите со овој човек биле толку силни што секој пат губела свест.
3. Џон Холмс
Еден од најпознатите порно глумци на сите времиња, познат под името Џон Вад, снимил над 2.500 порно филмови, останувајќи мистерија. Тој се прославил со својот голем пенис и бил прогласен за најголем во порно индустријата, кој изнесувал 34 сантиметри, според неговиот менаџер. Сепак, неговата прва сопруга тврдела дека се работи само за 25 сантиметри во ерекција. За колку сантиметри станувало збор, останува тајна, но според тврдењето на неговиот менаџер, доколку Холмс би достигнал целосна ерекција тој би ја изгубил свеста. За ова сведочат и изјавите на партнерките на Џон кои раскажувале дека имале чувство дека воделе љубов со нешто огромно и меко.
4. Франк Синатра
Според биографот на Синатра, тој секогаш се обидувал да ја сокрие неговата надареност. Тој изјавил дека Синатра го сметал големиот пенис за физичка мана. Многу мажи би биле горди на ова, но тој воопшто не бил. Слугата на Синатра во својата книга ја спомнал неговата машкост, велејќи дека долната облека му била посебно кроена по негова мерка, за сè да остане на свое место. Една од неговите љубовници, Ава Гарднер, изјавила дека овој пејач имал 50 килограми од кои 10 килограми биле во неговиот пенис. Можеби овој фантастичен пејач посакувал жените да го сакаат поради неговиот глас и дух, а не поради неговиот пенис.
5. Џон Вејн Бобит
Бобит најверојатно ќе остане запомнет како човек чиј пенис бил отсечен со нож од страна на сопругата. На негова голема среќа, пенисот успешно бил сошиен и добил надимак како „пенисот Франкенштајн“. Бобит својата популарност ја искористил за да стане порно глумец и успешно спиел со над 70 жени.
6. Хуан Батиста Дос Сантос
Овој човек останал запаметен по својата специфична анатомија. Имено, тој имал „трета нога“ која му висела од задниот дел на `рбетот, и покрај нефункционалноста, не му претставувала проблем. Но, тоа не е сè. Тој имал и совршено функционални два пениса – можел да постигне ерекција кај двата. Наводно бил и прекрасен љубовник.
7. Рон Џереми
Познатиот порно глумец е сопственик на пенис долг 25 сантиметри. Иако не може да се пофали со својата убавина, сепак овој глумец станал икона за „обичниот“ маж. Полничкиот Рон докажал дека не е потребно тело како на Аполон за да се биде успешен во заведувањето жени, покажувајќи ги своите сексуални вештини на комичен и едноставен начин. Освен што покажал талент за враќање на самодовербата кај мажите, не го сокрил и талентот за орално задоволување.
8. Ерол Флин
Во златната доба на Холивуд, овој познат глумец покрај големиот талент за глумење, бил познат и по својот голем полов орган. Некои би рекле дека е познат и по тоа што одлично свирел на клавир. Во една прилика, Ерол го извадил својот пенис и инсистирал со него да им ја отсвири песната „You’re my sunshine“.
9. Томи Ли
Не се знае дали овој човек е познат по музичкиот талент, врската со Памела Андерсон, порно снимката која ја снимил со неа или по големината на пенисот. Што и да е во прашање, доколку овој човек посака, може да додаде уште една професија во својот живот – да стане порно глумец. Откако се појавила неговата снимка со Памела, тој добил понуди од порно индустријата, кои сметале дека има добар „пакет“.
10. Џон Хем
Згодниот глумец од познатата серија „Момците од Мадисон“ (Mad Men), не само што плени со својата појава и талент, туку и со големината на својот пенис, која им го одзема вниманието на женската, па и на машката публика. Тој му посветувал големо внимание на својот пенис, што дури имал и блог за него, наречен „Стапот на Џон Хем“ (Jon Hamm’s wang). Иако е свесен за својата популарност, Хем не очекувал да се дигне голема прашина околу неговата машкост. Дури побарал од фотографите да го фотографираат од струкот, па нагоре.
Прочитајте ги и овие 13 факти за пенисот што можеби не сте ги знаеле.