7 причини поради кои бебешката пудра е семоќна!

Сподели

Речиси и да не постои човек што ја нема користено оваа пудра. Вашите мајки како мали ја употребувале кога се грижеле за вас, потоа вие сте ја ставале на кожата на вашите бебиња, а денес ја користат луѓе од сите возрасти поради нејзината широка намена.

Реклама

Бебешката пудра навистина има моќи, а во продолжение прочитајте зошто и вие треба да ја користите.rn

1. Ќе се ослободите од мравките во домот

rnСекое лето се соочувате со истиот проблем? Децата разнесуваат трошки во домот, а мравките се собираат околу нив. Тие се појавуваат во секоја просторија и за наша среќа, не ја сакаат бебешката пудра. Посипете на местата каде што се појавуваат и ќе се уверите дека ќе ги снема.rn

2. Ќе ги спасите ружите од билните вошки

rnДоколку не ги сакате пестицидите и вештачките раствори со кои мора да се прскаат ружите, слободно ставете им бебешка пудра на врвовите од грмушките и вошките ќе исчезнат.rn

3. Ќе ги заштитите рацете

rnДали знаевте дека ќе ги заштитите рацете ако ставите бебешка пудра во градинарските ракавици или на дршката од алатот? На тој начин нема да ви се појавуваат плускавци од напорната работа.rn

4. Ќе ги смирите уморните нозе

rnАко стапалата ви се уморни и потечени од долго стоење или од некоја друга напорна активност, после миењето со ладна вода ставете им бебешка пудра. Таа има смирувачко дејство на вашата кожа, а исто така и ќе ја омекне.rn

5. Можете да ја користите за суво миење на косата

rnАко косата ви е доста мрсна, а немате можност да ја измиете, по темето сипете малку од бебешката пудра и убаво расчешлајте. Косата ќе ви мириса убаво и ќе изгледа како свежо измиена.rn

6. Ќе го отстраните непријатниот мирис од обувките

rnНосењето затворени чевли, патики и чизми честопати предизвикува непријатен мирис кај обувките поради потење на стапалата. За да се решите од него во обувките сипете малку детска пудра и оставете ја да отстои во текот на ноќта. Пудрата ќе го неутрализира мирисот и ќе ја впие влагата.rn

7. Ќе ви помогне да имате убави трепки

rnАко сакате трепките да ви изгледаат погусти, ставете малку бебешка пудра пред да нанесете маскара. Ќе ве воодушеви ефектот што ќе го добиете.

Популарно

Може ќе ве интересира