Психолошки тест: Првото нешто што ќе го забележите ќе ви открие што ве измачува во моментов!

Психолошки тест: Првото нешто што ќе го забележите ќе ви открие што ве измачува во моментов!

Можеби сте забележале дека вашата потсвест доловува кои сте всушност како личност и не може да биде измамена или компромитирана. Вашите очи ја гледаат целосната слика, но вашиот ум му дава приоритет на она што е во согласност со вашите чувства и она што ве измачува во моментот.

Психолошки тест: Првото нешто што ќе го забележите ќе ви открие што ве измачува во моментов!

Па, што прво забележувате на сликата?

1. Леопарди

Психолошки тест: Првото нешто што ќе го забележите ќе ви открие што ве измачува во моментов!

Ако најпрво ги забележавте леопардите најголемата причина за стрес во моментов ви претставува вашата романтична врска. Чувствувате дека ја губите конекцијата со вашиот партнер и понекогаш не сте сигурни каде води тоа. Присетете се како се чувствувате кога ја започнавте врската и можеби сè што треба да направите е да разговарате за тоа што ве измачува. Комуникацијата честопати е клуч за решавање на личните проблеми.

2. Лавови

Психолошки тест: Првото нешто што ќе го забележите ќе ви открие што ве измачува во моментов!

Ако прво ги видовте лавовите вие се мачите да се справите со сите одговорности што ги имате веќе подолг период. Навикнати сте да се грижите за сè и за секого, па почнавте да се заборавате себеси. Вашето семејство и пријателите мислат дека сте неверојатно издржливи и дека можете да поднесете сешто, но вие чувствувате дека сте на работ и секоја малечка работа може да биде последната капка што ќе ја прелие чашата. Знаете, нема ништо лошо понекогаш да бидете себични и можеби е време да се разгалите себеси и да ги наполните батериите.

3. Зебри

Психолошки тест: Првото нешто што ќе го забележите ќе ви открие што ве измачува во моментов!

Ако првите животни што ги видовте беа зебрите, вашата најголема грижа е вашето лично здравје или здравјето на некој во вашето семејство. Малата грижа за здравјето е добра бидејќи ве охрабрува да имате поздрав животен стил. Но, ако таа се претвори во анксиозност може да биде сериозен проблем. Нема поента да се грижите за нешто што не можете да го контролирате или промените, одржувајте го животот на здраво ниво и уживајте.

4. Жирафи

Психолошки тест: Првото нешто што ќе го забележите ќе ви открие што ве измачува во моментов!

Ако жирафите беа првите животни што ги видовте, вие сте загрижени за вашата работа и се чувствувате многу несигурни финансиски. За жал, овие денови многу луѓе се соочуваат со долготрајни притисоци на работа и силна конкуренција за работното место. Од друга страна, технологијата се развива толку брзо што постојано мора да учиме нешто ново за да бидеме во тек. Доколку чувствувате дека вашата работа почнува да се менува и налага некои нови вештини во кои не сте многу сигурни, бидете искрени со себе, откријте што ви недостасува и работете на тоа.

5. Сина птица

Психолошки тест: Првото нешто што ќе го забележите ќе ви открие што ве измачува во моментов!

Ако сината птица беше првото нешто што го забележавте вие се чувствувате малку изгубено и осамено. Во модерното општество главно се поврзуваме преку пораки, мејлови и споделени фотографии. Тоа е супер, но многу луѓе се толку навикнати на виртуелната комуникација што не се чувствуваат пријатно да разговараат со луѓето во живо. И кога се чувствуваат изолирано и осамено, не знаат како да ја прекинат оваа навика.

6. Птици

Ако прво ги видовте двете птици вие се чувствувате малку осамено. Сакате да разговарате со некој за вашите чувства, но не ви е пријатно затоа што мислите дека тие се безначајни. Не ги затворајте чувствата и верувајте им на пријателите и семејството – ако ве измачуваат значи дека се доволно значајни. Вие отсекогаш сте биле независна личност и со годините сте научиле како да го зачувате образот. Поради тоа вашите пријатели нема да воочат дека ви се потребни во моментов. Имајте на ум дека споделувањето на чувствата не е еднакво на слабост.

Што видовте најпрво? Пишете ни во коментари и испратете го тестов на вашите пријатели за и тие да се забавуваат.

Направете го и овој едноставен психолошки тест: дали се сакате себеси?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Психолог кој најдобро се изразува преку пишаниот збор. Нејзиниот личен лајтмотив гласи: „Остани своја и поинаква бидејќи само така ќе блеснеш во полн сјај!“

Поврзани содржини

Остави коментар