Што ќе се случи со вашата коса доколку ја скратите за време на полна месечина?
Многу девојки ја планираат посетата на фризерскиот салон според месечевиот календар. Ова мора да се случува со причина. Полната месечина излегува на хоризонтот и трае 18 часа, врвот го достигнува на полноќ и полека почнува да се сокрива во 6 часот наутро. Па, какво е влијанието на полната месечина? Во продолжение ќе ви откриеме зошто треба да си ја скратите косата за време на оваа фаза. Ќе ви дадеме и мало навестување: Вака ќе го забрзате нејзиниот раст!
Влијанието на полната месечина
Отсекогаш се знаело дека месечината има влијание на нивото на морето, како и при формирањето на брановите. Освен тоа, има влијание и на луѓето и на животните. Влијанието е многу поголемо отколку што мислите и вклучува виталност, расположение, ниво на енергија… Тоа најчесто се манифестира преку проблеми со спиење и променливо расположение. Научниците тврдат дека причината за влијанието на месечината е мелатонинот, хормон кој ги регулира сонот и будноста. Тој евидентно варира за време на месечевиот циклус. Влијанието е поизразено кај жените и се одразува на менструалниот циклус и породувањето.
Месечината, верувале или не, поточно нејзината гравитација, влијае на Земјата, како и на сè останато на нејзината површина. Мора да постои причина зошто уште од минатото биле проучувани нејзината моќ и влијателност.
Но, да не должиме. Какво е нејзиното влијание на косата? Се вели дека ако ја скратите косата за време на полна месечина, ќе го забрзате нејзиниот раст. Постојат многу докази кои ја потврдуваат оваа теорија.
Зошто треба да ја скратите косата за време на полна месечина?
Доколку сакате или морате да ја скратите вашата коса, погледнете го месечевиот календар и сторете го тоа кога месечината ќе биде во полна фаза. Доколку го сторите ова, вашата коса ќе расте побрзо и ќе биде поздрава. Дури и препаратите кои ги користите за нега на косата, ќе бидат поефикасни, а резултатот – здрава, силна, бујна и долга коса.
Полната месечина има големо влијание на виталноста на косата. Доколку планирате да направите третман на регенерација на вашата коса, направете го тоа за време на овој циклус и ќе имате поголема ефикасност. Регенераторите и хранливите маски се многу поефикасни за време на полната месечина, особено ако ја скратите претходно косата.
Доколку сакате здрава и цврста коса, која брзо расте, посетете фризерски салон за време на полна месечина. Следната полна месечина ќе се појави на 16 јули. Нема ништо да изгубите, а кога ќе ги забележите резултатите, ова ќе ви прерасне во ритуал од кој нема да отстапувате.
Автор: Ана Патриклиева