Летото е во полн ек, па мора да наоѓаме начини како да се разладиме во овие жешки денови. Хидратацијата на организмот е неопходна за време на најтоплото годишно време. Покрај консумирањето вода, можете да бидете малку креативни во кујната и да подготвувате вкусни напитоци кои ќе ве освежат во овој период.rnrn
rn
Напиток од јогурт и вода
rnКомбинацијата од вода и јогурт, позната под името „lassi“ е традиционален пијалак во Индија. Благодарение на пробиотичките бактерии го подобрува варењето, а во комбинација со неколку сочни парчиња овошје ќе ви го освежи целиот организам.rn
Потребни состојки:
rn
- rn 011
- 2 децилитри јогурт
- 2 децилитри вода
- 1 лажица мед или јаворов сируп
- 1/2 шолја исечкано манго
- 1/2 шолја боровинки или рибизли
- 1/2 шолја малини
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn
rn
Начин на подготовка:
rnСите состојки ставете ги во блендер и мешајте ја смесата додека таа не стане кремаста. По подготовката напитокот ставете го во фрижидер.rn
Напиток со кефир и краставица
rnКраставицата е, дефинитивно, најосвежителниот зеленчук. Овој зелен плод кој содржи многу вода, во комбинација со кефир уште повеќе ќе ве освежи.rn
Потребни состојки:
rn
- rn 011
- 3 децилитри вода
- 2 децилитри кефир
- 1 краставица
- неколку ливчиња мента
rn 011
rn 011
rn 011
rn
rn
Начин на подготовка:
rnИзмијте ја краставицата и пресечете ја на мали парчиња. Ставете ја во блендер па додадете вода, кефир и мента. Сè добро изблендирајте.rn
Напиток од ѓумбир
rnМожеби мислите дека пикантната арома на ѓумбирот не е посакувана за време на високите температури, но неговото делување во текот на топлите денови е многу добро. Имено, ѓумбирот помага во регулирање на телесната температура.rn
Потребни состојки:
rn
- rn 011
- 1 литар минерална вода
- свеж сок од лимета
- 30 грама изрендан ѓумбир
- 1/3 шолја исечкана мента
- 1 лажица мед
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn
rn
Начин на подготовка:
rnСите состојки ставете ги во блендер и изблендирајте ги. Доколку парчињата зеленчук на крајот ви пречат тогаш може да ја исцедите течноста, а потоа ставете ја во фрижидер.rnrnНо, која е најчестата грешка поради која уште потешко ја поднесуваме жештината? Прочитајте тука.