Многу често, браковите се тешки. Од брачните партнери се очекува да бидат целосно посветени и да прават многу компромиси. Затоа не е ни чудно зошто на многу парови не им успева. Луѓето често забораваат на некои ситници, а токму тие можат да бидат пресудни за нарушените брачни односи.rnrn
rnrnТокму тоа му се случило и на Џералд Роџерс од Минесота, чија сопруга го напуштила. По разводот, тој на својот Фејсбук профил споделил важни брачни совети, нешта кои самиот би сакал да ги чуе како совет пред да се раздели од сопругата.rn
1. Продолжи да ја носиш на состаноци
rnНајважната работа која треба да ја запомните е следнава – не ја земајте својата сопруга здраво за готово. Потсети се на сите ветувања кои си ѝ ги дал пред да стапите во брак и исполнувај ги. И не заборавај да ја изнесуваш на состаноци!rn
2. Заштити го своето и нејзиното срце
rnГрижи се за своето срце, исто како и за нејзиното. Сакај го светот, сакај се себеси, но чувај посебно место во твоето срце за сопругата, место кое никој друг не може да го заземе.rn
3. Заљубувај се во неа, повторно и повторно
rnЛуѓето се менуваат, тоа е факт. И двајцата сте променети од моментот кога првпат почнавте да се состанувате, а за пет години отсега ќе се промените уште повеќе. Промените се неизбежни и затоа мора постојано да се вљубувате во секоја нова верзија од вас. Ти мора постојано да се бориш за нејзиното срце.rn
4. Не се труди да ја промениш
rnТвојата задача е да ја сакаш таква каква што е. Доколку се промени во меѓувреме, треба да ја прифатиш секоја нејзина позитивна промена.rn
5. Гледај го најдоброто кај неа секој ден
rnФокусирај се на оние работи кои ти се допаѓаат кај неа и тие, со тек на време, ќе стануваат побројни. Нема да добиеш ништо доколку се фокусираш на оние работи кои те нервираат кај неа.rn
6. Не ја обвинувај за работите кои те налутиле
rnТоа се твои чувства, па затоа обиди се да ги зачуваш за себе. Само затоа што те изнервирало нешто што е надвор од вашата врска, не значи дека треба да ѝ го истуриш гневот на неа.rn
7. Контролирај ги своите чувства
rnНе е нејзина обврска да те прави среќен, ниту пак нејзина вина ако се чувствуваш тажен. Секој ја креира својата среќа.rn
8. Забавувај се со неа
rnНе го сфаќај животот пресериозно. Одвој време за забава и за моменти кога ќе се смееш со својата сакана.rn
9. Пушти ја да биде своја
rnНемој да ѝ се мешаш кога се чувствува исфрустрирано и нервозно. Сѐ што треба да направиш е да ѝ покажеш дека си тука за неа и да ѝ кажеш дека сѐ ќе биде во ред.rn
10. Биди присутен
rnТвоето време не е само твое, напротив, треба да го споделиш и со неа. Исто како и твојата посветеност, внимание и душа. Кога си со неа, третирај ја како кралица бидејќи таа е кралица на твоето срце.rnrnНо, кои се оние однесувања во бракот кои можат да предвидат развод?