Се сеќавате на ерменскиот фотограф, професор по физика, математика и астрономија Suren Manvelyan, кој ги „позајмил“ очите на неговите пријатели, колеги и ученици за да направи фантастични макро фотографии, кои ја претставуваат комплексната структура на човековото око? Кога ја направил таа серија т.н. „Твоите убави очи“ тој не помислувал дека ќе види нешто толку магично. Импресиониран од фантастичните резултати, тој решил да не застане тука.rnrnЦрн зајакrnrnНеговата нова фотографска серија т.н. „Животински очи“ покажува зачудувачки диверзитет на бои и различна структура на окото кај секое животно, што од своја страна, ги доведува набљудувачите да се запрашаат за начинот на кој тие го гледаат и перцепираат светот околу себе. Според изгледот на окото, на некој начин, ни изгледа како да можеме да го одредиме карактерот на секое животно. Ова е уште едно фантастично ремек-дело на Suren Manvelyan. Се надеваме дека овој уметник, и понатаму ќе не изненадува со неговите волшебни фотографии. 🙂 Уживајте!rnrnТигрест питон (албино) rnrnТигрест питон rnrnКајман, вид рептилrnrnЛево око на куче од расата хаскаrnrnДесно око на куче од расата хаскаrnrnОко на рибаrnrnСијамска мачкаrnrnСин ракrnrnХиенаrnrnКоњrnrnИгуана rnrnПолжавrnrnПовторно око на риба rnrnКрокодилrnrnСтерлет, вид кечигова рибаrn