Најчестите лаги кои им ги кажуваат анксиозните девојки на своите момчиња
Девојките кои страдаат од анксиозност се постојано загрижени дека ќе бидат напуштени. Тие постојано мислат дека другите луѓе ги доживуваат како досадни и несигурни личности. Затоа и понекогаш лажат за своите несигурности, сѐ со цел да изгледаат нормално во туѓите очи. Иако знаат дека не треба да го прават тоа, истите лаги им ги кажуваат и на своите момчиња.
1. Лажат дека плановите смислени во последен момент им одговараат
Тие сакаат да имаат свој распоред по кој ги извршуваат нештата и сакаат да знаат како ќе им се одвива денот уште од самото утро. Спонтаните состаноци не им се најомилени, но во почетните фази од врската тие глумат дека сето тоа им одговара. Тие прифаќаат сѐ за да ви се допаднат, иако однатре вознемиреноста ги убива.
2. Лажат дека имаат други планови кога треба да излезат со вас
Во деновите кога тие не се чувствуваат најдобро, многу е веројатно дека ќе ја одбијат вашата понуда за прошетка. Секако, во тие моменти не им е најпријатно да бидат искрени, па затоа и смислуваат лажни изговори. Ова не го сфаќајте лично, затоа што нема никаква врска со вас.
3. Лажат дека нивните чувства не се повредени
Дополнителната драма во врската ги прави уште повознемирени, па затоа избегнуваат конфронтација по секоја цена. Токму затоа често премолчуваат кога момчето ќе ги повреди нивните чувства. Ним им е полесно да си ги „голтнат“ зборовите и да продолжат понатаму, наместо да се скараат кога нешто им пречи.
4. Лажат дека сакаат забави и дискотеки
Тие не сакаат гласни места каде што има многу гужва, а излегувањето во ноќни клубови им е вистински кошмар. Сепак, одвреме-навреме, прифаќаат да излезат со момчето таму, иако самата помисла дека треба да бидат во гужва им е неверојатно мачна.
5. Лажат за ситници
Тие носат книга со нив за да избегнат бесцелни разговори со луѓето околу нив. Преферираат да ви напишат порака наместо да разговараат со вас во живо. Во принцип, лажат за ситници за да одбегнат ситуации кои им создаваат анксиозност.
6. Лажат за тоа колку им е тешко да имаат нормален живот
Некои луѓе не разбираат колку е тешко да се справите со анксиозноста затоа што и самите личности кои страдаат од ова нарушување оставаат впечаток дека сѐ е во ред со нив. Но, во реалноста, анксиозноста како состојба ги спречува во исполнувањето на секојдневните активности. Затоа, на почетокот од врската, на овие девојки им е тешко да ви ги објаснат овие работи, па затоа лажат дека сѐ е во ред, дури и кога не можат да станат од кревет.
Па, како навистина изгледа животот со анксиозност? Прочитајте овде.