Во прифатилиштата за бездомни кучиња има илјадници шепасти пријателчиња кои заслужуваат љубов и внимание. И додека внимателно чекаат да бидат вдомени, за нив се грижат луѓето кои се вработени таму и волонтерите кои несебично им помагаат на животните.rnrn
rnrnНо, од сите нив се издвојува една 89-годишна бабичка од Велика Британија. Мејси Грин, понесена од љубовта кон кучињата, сплела дури 450 ќебиња и палтенца за бездомните кучиња од стационарот „Dog Trust“.rn
„Многу сакам да плетам, а подеднакво ги сакам и кучињата. За мене ова е прекрасна комбинација! Ми требаат три дена за да сплетам едно ќебенце, а само еден ден за да сплетам кучешко палтенце. На овој начин се чувствувам продуктивно и често плетам додека гледам телевизија. Навистина ми е драго што, на некој начин, помагам за кучињата од овој стационар“ вели 89-годишната бабичка.
rn
rnrnВсушност, Грин го прави ова добро дело веќе три години. Таа ги донира своите изработки трипати годишно, а секојпат во стационарот остава по десетина рачно изработени (со многу љубов!) ќебиња.rn
„Мејси редовно ги остава своите донации и ние сме многу благодарни за нејзината поддршка. За време на студените зимски денови, на нашите кучиња им треба нешто што ќе ги стопли“ вели менаџерот на „Dog Trust“.
rn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnА погледнете и како се менува животот на бездомните животни откако ќе ги вдомите.