Бели широки панталони - совршено елегантни и совршено лежерни

Бели широки панталони – совршено елегантни и совршено лежерни

Иако белите панталони не се омилен избор на некои жени бидејќи се тешки за одржување, тие се всушност совршен избор за жешките летни денови. Со нив можете модно да експериментирате, да ги носите со елегантни маички и кошули, но и да ги комбинирате во лежерен „рокерски“ стил.

Бели широки панталони - совршено елегантни и совршено лежерни

Исто така, можете да ги комбинирате со сите бои – изборот е на вас. Нема да згрешите и доколку се облечете целосно во бело. Баш напротив, ќе оставите одличен впечаток.

Бели широки панталони - совршено елегантни и совршено лежерни

Елегантните бели панталони можете да ги носите и во секојдневни прилики, во комбинација со широка маичка со лого. Ова е навистина модерно!

Бели широки панталони - совршено елегантни и совршено лежерни

Покрај панталоните, белиот комбинезон е одличен избор. Во него ќе изгледате елегантно, а ќе заштедите и време за смислување на модна комбинација.

Бели широки панталони - совршено елегантни и совршено лежерни

Доколку сакате да бидете несекојдневна невеста, белите панталони се идеални за вашата венчавка. Неколку познати дами од светската сцена, меѓу кои и Софи Тарнер и Соланж Ноулс, на најубавиот ден во нивниот живот се одлучија да носат токму ваква модна комбинација и изгледаа едноставно неверојатно.

Погледнете и кои панталони ќе бидат актуелни летово.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Книжевничка која би живеела во приказна на Харуки Мураками, во режија на Вес Андерсон, со саундтрак на The Smiths.

Поврзани содржини

Остави коментар