Започна нов тренд. Жените конечно дочекаа да одат без градник, покажувајќи отпор кон стегите и нормите во која било форма, но исто така и чист хедонистички став кон животот и целосно уживање во слободата на движење.rnrn
rnrnГрадникот се носи од 1914 година, но повеќето жени денес одлучија да го отфрлат. Еве некои од причините…rn
1. Неудобност
rnНа пазарот се појавија многу градници со универзална големина, а и оние достапните во различни големини не се соодветни за сите типови жени. Поради ова, поубавата половина трпи неудобност предизвикана од градникот. Затоа, отфрлајќи го ова парче облека, жените добиваат слобода каква што немале досега.rnrn
rn
2. Феминистички отпор
rnМногу милениумки ги одбиваат градниците како форма на отпор. Со отфрлањето на овој вид долна облека, жените сакаат да се изборат за еднаквост.rnrn
rn
3. Заштеда на пари
rnПристојните градници се доста скапи. На многу жени ова им пречи, па затоа решиле да се ослободат од обврската да купуваат градници и на тој начин да заштедат пари.rnrnЗа оние жени кои сакаат да го прифатат овој тренд, летото е идеално време за ова. Отфрлете го градникот, облечете полесна облека – живејте слободно!rnrn
rn
Автор: Антонина Велјановска