3 средношколки формираат неочекувано пријателство откако се запознаваат на група за поддршка
rn
Главни улоги: Бријана Хилдербранд, Киана Мадеира, Куинтеса СвинделrnrnЖанр: драмаrnrnКреатори: Ејми Анделсон, Емили Мејер, Кристен СмитrnrnПремиера: 14 јуни 2019rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 30 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 9/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=xz1IkeXs6yIrnrn„Тракатанци“ е една од новите драми на Нетфликс што ни ја раскажува приказната за три средношколки што не можат да се воздржат да украдат нешто ситно од продавниците што ги посетуваат. Тие не го прават тоа поради немање финансии, туку исклучиво за возбудата што им ја предизвикува. Токму затоа и се притиснати од најблиските да посетуваат група за поддршка за луѓе што се борат со истиот проблем.rnrn
rnrnЕлоди (Бријана Хилдербранд), Моу (Киана Мадеира) и Табита (Куинтеса Свиндел) на прв поглед изгледаат како да припаѓаат на сосема различни светови. Но, нивната тајна ќе ги зближи и ќе им помогне да формираат цврсто пријателство базирано на разбирање, доверба и почит. Тие ќе почнат да поминуваат сè повеќе време заедно и да си ги споделуваат сите оние тајни што долго време ги чувале само за себе. Со оглед на тоа што сите три ги очекува многу тежок период, изгледа како нивното пријателство да е судбинско.rnrn
rnrnАко сте расположени за лесна драма, што ќе го исполни вашето попладне со смеа но и солзи, тогаш оваа ТВ серија е одличен избор за вас. Не само што ќе се поврзете со младите девојки, туку исто така и ќе се замислите за вашиот живот – ќе почнете да се прашувате дали тоа е тоа што навистина го сакате и дали можете да направите нешто да го подобрите, исто како и главните хероини во „Тракатанци“.rnrn

