Детокс супа од грашок, магдонос, спанаќ и целер што ќе ви го исчисти целото тело

Детокс супа од грашок, магдонос, спанаќ и целер што ќе ви го исчисти целото тело

На оваа комбинација зеленчуци, никој не е рамен! Станува збор за највкусната крем супа чија подготовка е многу едноставна. Таа не само што ќе ви го заблажи сетилото за вкус, туку и ќе го зајакне вашето тело, ќе ви помогне да ослабите и ќе ве прочисти од сите токсини. Таа исто така ќе ви помогне да го нормализирате дигестивниот систем, да ја зголемите отпорноста на стрес и ќе ви го заштити телото од вируси и бактерии. Да не заборавиме и на антиоксидантските ефекти!

Потребни состојки:

  • 120 грама сварен грашок
  • 2 шаки свеж спанаќ
  • 1 големо стебло целер
  • 1 шака свеж магдонос
  • 1 лажица свеж коријандер
  • 1 чешне лук
  • 200 милилитри вода
  • 2 лажици кокосово масло

Начин на подготовка:

Ставете ги сите состојки освен водата во блендер и добро изматете. Потоа додајте ја водата и продолжете со матење додека не добиете кремаста структра. Префрлете ја супата во сад со средна големина и загрејте ја по желба, но не дозволувајте да почне да врие. Пробајте ја и додајте сол по желба.

Пробајте ја и оваа 7-дневна детокс диета препорачана од нутриционисти.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар