Родителството е тешко дури и кога се вклучени и двајцата родители, па можете само да замислите колку едвај издржливо може да биде кога е вклучен само едниот од нив. Кога станува збор за самохраните мајки, тие ненамерно и без да знаат често прават една од овие две грешки – или се претерано строги или се премногу попустливи. Со цел да знаете дали сте на вистинскиот пат, погледнете ги следниве 7 совети од психолозите.rnrn
rn
1. Детето во првата година почнува да го открива својот идентитет
rnВо оваа фаза му е потребна женска, но и машка слика за да ги имитира и тие особини. Најдобро е таткото да биде покрај него, но доколку тоа не е можно, тогаш нека поминува повеќе време со друга машка фигура од семејството – чичко, тетин, дедо…rn
2. Има потреба од татко-херој
rnБез оглед на тоа со што се занимавал неговиот татко, потребно е да му го претставите во добро светло. Не треба да го обезвреднувате во очите на најмалото и да креирате слика на чудовиште, без разлика колку ви згрешил. Задржете го тоа мислење за себе или додека малиот не порасне доволно за вистински да ја разбере болката која ви нанел, а во меѓувреме овозможете му и тој да има татко-херој.rn
3. Треба да се изложи на позитивно машко влијание
rnЧитајте му книги на вашиот син каде што се појавуваат добри мажи – чесни, лојални, љубезни и со сите останати особини што сакате тој да ги присвои. Нема да згрешите ни со витезите што се борат за најблиските против злото.rn
4. Внимавајте да не претерате со вниманието
rnНе треба да го сожалувате вашиот син само затоа што не може да расте со татко. Мајката не треба постојано да „виси“ над главата на своите деца и да ги штити од сè, вклучувајќи го и самиот живот. Баш напротив, ова е одлична шанса да го научите на одговорност така што ќе ви помага со домашните обврски уште од мали нозе.rn
5. Не дозволувајте да станете жртва на мајчинството
rnМајките што претерано ги чуваат своите синови, подоцна се претставуваат себеси како „жртви“ кои целиот свој живот го посветиле на нив. Децата кои растат во вакво опкружување постојано чувствуваат вина, па тоа ќе им влијае и на нивните љубовни врски кога ќе пораснат.rn
6. Не претворајте го детето во ваш родител
rnДетето што пораснало со мајка која глумела жртва, може да порасне во возрасна личност која чувствува потреба постојано да ѝ помага на својата „кутра“ мајка и да не може да изгради здрави врски надвор од овој круг. Дозволете му на детето да порасне без чувство на вино и разговарајте искрено за овие нешта со него дури кога ќе биде доволно зрело да ве разбере.rn
7. Не откажувајте се од својот љубовен живот
rnАко се појави маж во вашиот живот, треба да бидете подготвени на тоа дека син ви ќе биде љубоморен. Затоа и мора отворено да разговарате со него постојано. Особено ако нештата стануваат посериозни и размислувате за брак. Подгответе го детето соодветно, без разлика колку е мало.rnrnБонус совет: Не компензирајте за отсуството на таткото со подароци и други материјални нешта. Едноставно бидете му мајка и бидете покрај него. Ништо друго нема да му треба.rnrnПрочитајте ги и овие 5 едноставни правила од лекарите за одгледување здраво дете.