КАФЕ ПАУЗА

Летни инспирации за декорирање на спалната соба

Подгответе ја вашата спална соба за летото со помош на овие едноставни идеи. Освежете го просторот со бои и оладете го без да користите клима уред.rn

1. Дозволете му на светлото да влезе

rnrnrnВоопшто не е интересно да се обидувате да заспиете во топла и загушлива спална, па ослободете се од темните и тешки зимски завеси и ставете нешто посветло и полесно. Едноставните модели со природни материјали се одличен начин да внесете повеќе светлина во собата и да му дозволите на воздухот подобро да циркулира.rn

2. Заборавете на зимските материјали

rnrnrnТоплото време значи и дека ќе ги спакувате тешките зимски ќебиња и дека ќе ги замените со лесни, памучни чаршафи што ќе ве држат свежи навечер. Но, оставете неколку полесни, меки ќебенца за оние посвежите летни вечери.rn

3. Освежете ја собата

rnrnrnНишто не асоцира повеќе на лето од морските мотиви. Додајте светло бели и морско сини бои за да го добиете овој изглед. Тоа можете да го сторите преку чаршафите, перниците, завесите или неколку уметнички дела што ќе ги закачите на ѕидот.rn

4. Поедноставете го просторот

rnrnrnТргнете ги настрана сите непотребни работи што се насобирале во текот на зимските месеци – тоа се премногу работи што ѝ натежнуваат на вашата соба и го вознемируваат вашиот сон. Отстранете сè што не припаѓа во спалната, па дури и тргнете ги теписите за да ја освежите собата.rn

5. Обојте ја просторијата со светли бои

rnrnrnБудете се секое утро во разнобојна соба. Светлите, силни бои се совршени за да ве наполнат со енергија веднаш штом ги отворите очите и да ве инспирираат да го зграпчите денот!rn

6. Внесете ја надворешноста

rnrnrnДопирот со природата може чуда да направи. Живописните лисја изгледаат одлично во комбинација со белите ѕидови и ќе веднаш ќе направат просторот да изгледа свежо и ладно. Држете се до едноставноста и ќе добиете неверојатен резултат.rnrnУживање, релаксирање и добар сон: 8 чекори до спална соба од соништата.