Одберете карта и дознајте што другите најчесто мислат за вас
Дали некогаш сте се запрашале што другите мислат за вас? Како ве гледаат и како тоа се разликува од вашите идеи? Дали другите размислуваат за вас на истиот начин како вие за себе? Или можеби не? Дознајте ги одговорите на овие прашања така што ќе одберете една од овие слики и ќе го прочитате нејзиното значење во продолжение…
1. Одговорна и мирна личност
Другите ве сметаат за личност што е ускладена со своите должности, скромна, на која тие можат да се потпрат и со добар смила за хумор. Најчесто вие сте доживувани како личност што настојува да го одржи мирот и спокојот, како во својот живот, така и во своето окружување.
Имате голема дарба за решавање на расправиите додека истовремено и се плашите од конфронтации, па затоа и сакате да се изолирате или да се движите на места коишто ги сметате за мирни и сигурни и каде што можете да се чувствувате заштитено и безбедно.
Вашиот главен предизвик е да научите да живеете во сегашниот момент. Сетете се дека сè што ви се случува е со причина и дека има некаква цел во вашиот живот. Ваше е само да дознаете што е тоа и да го искористите најдобро што можете за своја корист.
2. Кооперативна и љубезна личност
Вие сте доживувани како личност која е спремна да направи сè со цел да го добие тоа што го сака во животот и која секогаш е спремна да им помогне на другите. Вие сте љубезни, искрени, лојални и директни, а понекогаш знаете да се вклучите во премногу активности и да се вознемирите.
Запомнете дека е прекрасно да работите на повеќе работи одеднаш, како и да им помагате на другите, но не на своја штета. Многу е подобро да завршите добро неколку задачи, отколку да започнете многу и да не стигнете ништо да направите.
3. Директна и интелектуална личност
Вие сте искрена, директна и речита личност што силно го цени светот на знаења и идеи. Вие сметате дека идеите имаат моќ да го променат светот и затоа се обидувате да се држите цврсто до своите и да им ги доближите на што повеќе луѓе.
Понекогаш ве фрустрира рамнодушноста на другите и тука се крие вашиот најголем предизвик. Запомнете дека постојат три основни правила ако сакате да живеете во мир: Живејте, оставете ги другите да живеат и не судете никому.
Едно е да претпоставите дека сте на правиот пат, но нешто сосема друго е да мислите дека тој е единствениот начин да стигнете до крајната цел. Секој има различен пат до својата дестинација и токму овој избор е тој што го прави животот вреден за живеење.