КАФЕ ПАУЗА

Едноставни начини да го засакате своето тело и да си ја зголемите самодовербата

Written by

in

,

Голем број луѓе се незадоволни со своето тело. Ова незадоволство често лошо се одразува на вашето ментално здравје, па затоа и треба да научите како да се прифатите, па дури и да ги засакате своите „маани“ со цел да се чувствувате добро. Знаеме дека тоа е тешко да се направи, но со помош на овие едноставни чекори брзо ќе излезете на правиот пат.rnrnrn

1. Запомнете дека сите ние сме понекогаш несигурни

rnНие самите сме си најголемите критичари, па затоа и најдобро ги забележуваме своите недостатоци. Тоа е и причината поради која треба да се прифатите во целост доколку сакате да престанете да се критикувате и да научите да се сакате себеси.rn

2. Не го кријте телото зад широка облека

rnШироката облека воопшто не изгледа добро, баш напротив, таа ги нагласува недостатоците па затоа и нема да се чувствувате подобро ако се криете зад овој стил. Од друга страна пак, ако изберете облека што го следи обликот на вашето тело и одлично ви стои, вие во истиот момент штом се погледнете во огледалото ќе се почувствувате посамоуверено.rn

3. Запомнете дека другите не ве гледаат онака како што вие самите се гледате

rnИсто како што вие не можете да разберете зошто вашата пријателка се жали на своите широки колкови, така и другите не можат да ги разберат оние нешта што вам ви пречат на вашето тело. Другите не ги забележуваат мааните и недостатоците, па затоа опуштете и уживајте во сопствената кожа.rn

4. Самодовербата е најважна

rnБез оглед на тоа како изгледате, ако на вашето лице се забележува незадоволство од самите себе, и другите ќе го развијат истото мислење за вас. Самоуверените жени владеат со светот, а високата самодоверба е многу попривлечна од долги и витки нозе.rnrnПрочитајте и за овие 7 начини на кои телото ви кажува дека сте несреќни.