10 уникатни сместувања кои можете да ги најдете на Airbnb

10 уникатни сместувања кои можете да ги најдете на Airbnb

Доколку сте од оние луѓе кои сакаат својот одмор да го поминат на некоја подалечна дестинација, сигурно веќе го проверувате веб-сајтот на Airbnb. Но, кои се најуникатните сместувања кои можете да ги најдете тука? Дознајте во продолжение.

1. Eco Bamboo Home (Бали)

Кога некој ќе нѐ праша за нашиот одмор од соништата, Бали е една од оние дестинации кои веднаш ни доаѓаат на ум. Овој остров е прекрасен сам по себе, но сместувањето во Eco Bamboo Home е искуство кое секој би го посакал. Една ноќ тука чини околу 227$.

2. Skylodge Adventure Suites (Перу)

Доколку навистина сакате да побегнете од сѐ, ова сместување е совршено за вас. Сместен во планините на Перу, овој хотел ќе ви овозможи да поминете квалитетно време сами. Една ноќ тука чини околу 581$.

3. Underground Hygge (Орондо)

Оваа магична куќичка е совршена за викенд бегство од сѐ. Кога првпат ќе ја видите имате чувство како да сте се нашле во светот на хобитите. Една ноќ тука чини околу 594$.

4. Private Island In Sunny Hvaler (Норвешка)

Кој не би посакал да има свој личен остров? Па доколку сакате за момент да си ја исполните таа желба, Private Island In Sunny Hvaler е совршен избор за вас. Една ноќ тука чини околу 290$.

5. Secluded Intown Treehouse (Атланта)

Ова бајковито сместување веќе неколку години по ред се смета за најпосакувано за посета од страна на корисниците на Airbnb. Една ноќ тука чини околу 450$.

6. Dog Bark Park Inn B&b (Монтана)

Совршено сместување за сите љубители на кучиња! Една ноќ тука чини 194$.

7. Snow Igloo (Финска)

Дали некогаш сте замислиле како е да се спие во вистинско игло? Дали сте знаеле дека во едно игло температурата може да дојде до 16 степени? Доколку оваа идеја ви изгледа привлечно, ова игло можете да го поделите со пет ваши пријатели за 793$, цена за едно преноќување.

8. Wilton Castle (Ирска)

Овој замок датира од 19. век и е сместен на бреговите на реката Боро, во југоисточна Ирска. Престојот тука претставува луксузно искуство, кое чини 1.434$ од ноќ, а за оваа цена може да престојуваат 13 луѓе.

9. Cubehouse (Холандија)

Cubehouse е вистинско архитектонско ремек-дело, лоцирано во срцето на Ротердам. Една ноќ тука чини 201$.

10. True Plane (Франција)

За 118$ можете да престојувате во вистински авион. Секако, пренаменет за хотелско сместување.

Погледнете ги и приватните острови што можете да ги изнајмите на Airbnb.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Книжевничка која би живеела во приказна на Харуки Мураками, во режија на Вес Андерсон, со саундтрак на The Smiths.

Поврзани содржини

Остави коментар