25 факти што треба да ги знаете за Близнаците во вашиот живот
Доколку сакате подобро да ги разберете Близнаците во вашиот живот и да научите како подобро да комуницирате со нив, научете ги овие 25 факти за нив!
1. Омилената боја на Близнаците е зелената. Од смарагдна до ментол, сите нијанси изгледаат одлично на нив.
2. Близнаците најдобро се согласуваат со Вагите и Водолиите.
3. Омилениот камен на Близнаците е маховинастиот ахат. Тие сакаат едноставен, но оригинален накит.
4. Жените Близнаци се многу романтични. Еден дел од нив сака сигурност и реалност, но друг дел копнее по романтична бајка полна со фантазија.
5. Нивните среќни броеви се 3 и 7. Ова е многу важно да се знае бидејќи тие веруваат во среќа.
6. Близнаците се многу духовити. Тоа ги прави смешни, забавни и омилени во друштвото.
7. Близнаците сакаат да добиваат книги или „музика“ како подарок. Тие сакаат да се полнат со информации и забава, па затоа и овие подароци совршено им одговараат.
8. Близнаците обожаваат друштво. Без разлика дали ве гледаат како некој што го сакаат или како публика, тие преферираат да се опкружени со луѓе.
9. Близнаците никогаш не ги признаваат своите грешки.
10. Тие се многу прилагодливи. Од најразлични социјални ситуации, до промени во кариерата, тие можат со сè да се справат.
11. Имаат тенденција да имаат слаба концентрација. Па, ако сакате да ги задржите – мора да бидете забавни!
12. Воздухот е елементот на Близнаците. Токму затоа и многу нешта „излегуваат“ од нивните усти.
13. Близнаците копнеат за промени во сите области од нивниот живот.
14. Понекогаш знаат целосно да се изгубат во своите мисли.
15. Некои од најпознатите Близнаци се Џони Деп, Мерлин Монро и Анџелина Џоли.
16. Близнаците се исклучително социјални. Тие уживаат во друштво и се исхрануваат со разговори.
17. Стрелецот е спротивен знак на Близнаците. И како што веќе знаеме, спротивностите се привлекуваат…
18. Близнаците го ценат интелектот. За нив интелигенцијата е најдобриот афродизијак.
19. Нивната владејачка планета е Меркур. Тие брзо се движат и заљубени се во животот.
20. На Близнаците им одговара работа која е поврзана со пишување, учење или религија бидејќи се динамични луѓе што уживаат во публика.
21. Најчувствителните делови во нивното тело се белите дробови, коските, рацете, рамената и нервниот систем.
22. Близнаците веруваат во вербална предигра. Тоа би можело да значи сè – од разговори и приказни до секси зборови, па дури и расправии.
23. Близнаците обожаваат да флертуваат. На тој начин комуницираат со пријателите и најблиските.
24. Тие се многу љубезни луѓе што уживаат во дружење.
25. „Мислам“ е клучен збор за Близнаците. Тие често допуштаат нивните мисли да ги водат во животот.
Прочитајте ги и 20-те животни принципи според кои се водат сите Близнаци.