Мобилните телефони можат да предизвикаат акни и други проблеми со кожата на лицето
Во зависност од нивната положба, акните на лицето можат да бидат предизвикани од разни фактори. Најчесто тие се појавуваат на образите, јаболчиците и носот поради преголемото лачење на масти во овие делови. Но, причина за појава на акни може да бидат и продуктите за коса, лошата исхрана, па дури и користењето на мобилен телефон.
1. Акни на долната половина од лицето
Причините за појава на акни на вилицата, брадата и целиот долен дел од лицето можат да бидат различни. Акните и митесерите можат да настанат поради хормонални нарушувања, а оние околу устата и долната вилица можат да бидат последица и од користењето мобилен телефон. Причината е што мобилниот телефон го олеснува ширењето на бактерии на лицето.
2. Акни на целото лице
Акните кои се појавуваат на целото лице најчесто се поради лоша исхрана и бактериска нерамнотежа.
3. Акни на челото
Најчесто, акните на челото се појавуваат поради употреба на продукти за коса. Ако шампоните, регенераторите и сличните продукти завршат на челото, тие можат да предизвикаат иритација и алергија. Се разбира, ова не значи дека акните се појавуваат само поради тоа и најдобро е да посетите дерматолог.
Акните се хронична воспалителна болест, која најчесто се појавува кај младите на возраст од 10 до 25 години. Но во последно време забележана е зачестена појава на акни и кај повозрасните луѓе.
Овие воспаленија настануваат поради зголемено лачење на лојните жлезди и зголемување на бројот на бактериите познати како Propionibacterium acnes.
Воспалителните промени на лицето можат да се манифестираат како отворени или затворени комедони и мозолчиња. Најчесто воспалителните промени се појавуваат на лицето, градите и грбот. По лекувањето, на воспаленото место често може да остане белег или хиперпигментација на кожата. При лекувањето на акните, најважен е индивидуалниот пристап, бидејќи секоја кожа е различна.
Пред да се започне со терапија, мора да се земат предвид неколку фактори како дерматолошкиот статус, општото здравје и хронични болести, склоноста на кожата кон создавање лузни, како и психолошката состојба на пациентот поради акните. Терапијата може да биде локална и систематска, но во секој случај може да трае долго. Резултатите се гледаат постепено, но континуирано. За најдобри резултати, потребни се договор и доверба помеѓу пациентот и лекарот.
Прочитајте и за скриените причини за појава на акни и како да се ослободите од нив.