­
3 знаци кои покажуваат дека некој можеби мисли на вас

3 знаци кои покажуваат дека некој можеби мисли на вас

Многумина веруваат дека луѓето се телепатски поврзани и дека можат да почувствуваат што се случува со другите кои не се во нивна близина. Дури и да не верувате во ова, добро би било да знаете што можете да почувствувате кога некој ќе помисли на вас.

3 знаци кои покажуваат дека некој можеби мисли на вас

Кога ќе почувствувате дека некој мисли на вас, а не знаете кој, најдете мирно место и медитирајте, негувајќи го тоа чувство. Тогаш можно е во вашиот ум да се појави лицето на оваа личност. Во продолжение погледнете кои се знаците кои покажуваат дека некој можеби мисли на вас.

1. Чувство на топлина на лицето

Доколку почувствувате дека крвта нагло дошла во вашето лице и сте поцрвенеле, можно е некој да помислил, па дури и интензивно да мисли на вас. Ова е навистина цврст доказ. Црвенилото можеби се појавило поради нешто интересно за вас на коешто се сетил некој друг.

2. Чувство на неудобност

Ова чувство е слично како кога некој интензивно ве набљудува, па почнувате да чувствувате неудобност. Многу слични емоции се јавуваат и кога некој размислува за вас, па обрнете внимание на овој знак.

3. Насмевнување без причина

Ова е слично како кога некој ќе ви каже нешто убаво, па ве преплавуваат убави емоции и на вашето лице се појавува насмевка. Ова може да биде знак дека сте во нечии мисли и дека некој размислува за нешто позитивно во врска со вас.

Знаевте ли дека можете да дознаете кога вашата сродна душа мисли на вас?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар