КАФЕ ПАУЗА

Секс после 40-тите: 5-те најголеми промени во интимноста

Секс после 40-тите: 5-те најголеми промени во интимноста

Сексот не е секогаш секс. Како што и секоја врска ѝ подлежи на промени, се менуваат и нештата во креветот. Погледнете кои се промените што можете да ги очекувате кај сексот после 40-тата година.rnrnСекс после 40-тите: 5-те најголеми промени во интимностаrn

1. Ќе имате помала желба за секс

rnКога ќе наполните 40 години, постепено ќе почне да ви се менува нивото на хормони. Ова може да ја намали желбата за секс кај жените. Исто така може да ви биде потребно повеќе време да се подготвивте, односно да настане сувост на вагината. Притисокот можете да го намалите со помош на лубриканти. Покрај тоа, разговорот со партнерот ќе ви помогне да најдете начин и двајцата да уживате во сексот.rn

2. Забременувањето е потешко

rnКако што старее жената, се намалува квалитетот и бројот на јајце клетки. Поради тоа, станува навистина потешко да останете бремени во втората половина од животот.rn

3. Оргазмите се почести

rnПостои мит дека повозрасните жени не можат да доживеат оргазам. Имено, колку е постара жената, толку е поискусна и поотворена. Поради ова не е ограничена или под стрес за време на сексот, туку едноставно ужива. Затоа и на жените во 40-тите им е многу полесно да доживеат оргазам за време на секс.rn

4. Мажите издржуваат подолго

rnИ кај мажите се менува нивото на хормони со текот на годините. Поради ова, после 40-тите мажите повеќе можат да го одложуваат оргазмот и повеќе да уживаат во сексот. Со ова се зголемува и можноста за заеднички оргазам кај партнерите.rn

5. Ќе најдете нови начини на забава во креветот

rnКога нештата не одат најдобро на вообичаениот начин, паровите можат да се чувствуваат фрустрирано. Но, ова е одлична прилика да пробате нешто ново во кревет. На овој начин ќе се зближите со партнерот на ново ниво и ќе бидете отворени за експериментирање и сосема нови доживувања.rnrnПогледнете и зошто љубовта во 40-тите е најдобра.