Последните неколку денови имаше навистина нагли промени на температурата, а овие промени влијаат врз изгледот на вашата коса. Голема е веројатноста да сте се соочиле со електрицитет во косата, па во продолжение дознајте како да се справите со тој проблем.rnrn
rnrnЕлектризирањето на косата настанува поради наглите температурни промени, кои се карактеристични за постудените месеци или кога излегувате од загреана просторија на студен воздух. Кај оштетената коса електрицитетот почесто се јавува, а бактериите и прашината кои се лепат за косата дополнително ја оштетуваат и сушат.rnrnЗа да го спречите електрицитетот во косата, потребно е поретко да ја миете. Честото миење на косата ги отстранува природните масла, со што таа е посува. Поради ова, косата е поподложна на статички електрицитет. Експертите препорачуваат да ја миете косата еднаш до два пати неделно, и тоа со млака вода и хидратантен шампон и регенератор.rnrnПокрај тоа, најдобро е да ја сушите косата природно. Доколку сепак морате да користите фен, држете го на растојание од 20 до 30 центиметри од косата.rnrnКога ја чешлате, најдобро е да ги избегнувате пластичните чешели и да користите од природни материјали, како дрво.rnrnРедовното кратење на косата е исто ефикасен начин за спречување на електрицитетот. Испуканите врвови се поподложни на електрицитет, а добро би било да ги избегнувате и агресивните третмани и бојата за коса.rnrnКога веќе ќе настане електрицитет во косата, постојат неколку начини со кои можете да го намалите:rn
- rn 011
- Откако ќе ја исушите косата, испрскајте ја главата со малку вода.
- На четката со којашто ќе ја чешлате косата, нанесете малку лак за коса.
- Со метален предмет поминете низ косата, бидејќи металот го апсорбира статичкиот електрицитет.
rn 011
rn 011
rn
rnПробајте ги и овие трикови за поголем волумен на вашата коса.
