КАФЕ ПАУЗА

Малтретирањето постои и кај возрасните: Како да се справите доколу сте жртва?

Малтретирањето постои и кај возрасните: Како да се справите доколу сте жртва?

Written by

in

,

На сите им е јасно дека малтретирањето е лошо и може трајно да ги повреди луѓето. Всушност, голем број луѓе извршиле самоубиство токму поради малтретирање, додека други целосно ги промениле нивните животи.rnrnМалтретирањето постои и кај возрасните: Како да се справите доколу сте жртва?rnrnСекој од нас има некаква замисла за малтретирачите. Најчесто ги гледаме како агресивни постари деца, кои се „изживуваат“ врз помладите и помалите. Луѓето очекуваат да слушнат за малтретирање на училиште или на игралиште и ова го сметаат за „нормално“. Но, малтретирањето може да се случи на секоја возраст, а последиците од него се навистина штетни.rnrnДоколку сте возрасна личност која е жртва на малтретирање, веројатно е потешко другите да ве сфатат сериозно. Можеби ќе ви даваат совети да го игнорирате, да бидете поголемата личност и да не предизвикувате проблеми. Но, никој нема право да ве малтретира и вие не смеете да трпите никаква форма на насилство. Доколку сте жртва на малтретирање, погледнете како можете да се справите со тоа.rn

1. Дишете свесно

rnКога сте малтретирани на која било возраст, навистина е лесно да изреагирате без размислување. Кога ќе се најдете во ваква ситуација, вдишете длабоко и центрирајте се пред да прозборите. За да го направите ова, вдишувајте броејќи до четири, а потоа издишувајте броејќи до четири. На овој начин вашиот нервен систем ќе има време да се смири, а вие ќе имате подобра перспектива на нештата.rn

2. Сфатете дека малтретирањето е рефлексија на болката на другата личност, а не на вашата

rnДоколку сте малтретирани како возрасни, лесно е да го поврзете ова со некоја ваша грешка. Но, ниту едно здраво човечко суштество нема да малтретира некој друг. Одвојте време да отстапите и сетете се дека секој негативен збор или дејство против вас од друга личност, е директна рефлексија на нејзините несигурности и болка.rn

3. Преиспитајте ги вашите граници

rnДоколку сте малтретирани како возрасни, добро би било да размислете на кого му дозволувате да биде дел од вашиот живот. Доколку постојано сте малтретирани од една личност, создадете здрава граница за себе и отстранете ја оваа личност од вашиот живот. Никому не должите објаснување за оваа постапка. Ставете се на прво место.rn

4. Никогаш не одговарајте му на малтретирачот

rnОвие луѓе често бараат одговор. Немојте да ескалирате, туку оттргнете се од оваа личност. Доколку ве малтретира онлајн, можете да го чувате разговор како доказ и да го пријавите.rn

5. Чувајте податоци

rnЧувајте ги сите коментари, пораки и други докази. Сите податоци чувајте ги на едно место и имајте ги во две копии, на различни уреди. Исто така можете да водите дневник каде што ќе запишувате што и кога се случило. Доколку знаете кој е малтретирачот, запишете го и тоа, како и што сте направиле за да ја подобрите ситуацијата.rn

6. Пријавете го малтретирачот

rnДоколку сте малтретирани онлајн, можете да го пријавите профилот на корисникот што ве малтретира. Замолете ги и вашите блиски да го направат истото – колку повеќе поддршка имате толку се поголеми шансите да се деактивира профилот. Исто така, пријавете ја вашата ситуација во полиција и тие ќе ви кажат што друго можете да преземете.rn

7. Водете грижа за себе

rnНајтешкиот дел од малтретирањето се менталните и емоционалните последици. Најдете некоја група за поддршка на малтретирани лица, или разговарајте со некој што поминал низ истото. Нема ништо срамно во тоа да побарате помош за да ја надминете ситуацијата. Потребна е храброст за ова, но на крај ќе ви се исплати.rnrnПогледнете и како да се справите со прикриеното вербално малтретирање.