Трендовите се менуваат речиси секојдневно и поголемиот дел од нив остануваат засекогаш во минатото. Нешто што денес е хит, може уште утре да стане демоде, па навистина е тешко да препознаете колку долго ќе трае некој тренд. Сепак, според модните експерти, следниве модни трендови нема да ги гледаме до крајот на сезоната.rn
1. Чанти околу половина
rnИако никој не се надеваше на враќањето на овој тренд, чантите кои се носат околу половина станаа вистински хит. Но, сега повторно се враќаат во заборав и ќе бидат заменети со чанти кои се носат преку рамено.rn
2. Голи рамена
rnБлузите со голи рамена беа најистакнатиот тренд неколку толпи сезони по ред, но и на нивната популарност ѝ доаѓа крај. Ова лето наместо двете, покажете го едното рамо со асиметрични блузи кои беа популарни на почетокот на милениумот.rn
3. Сламени шешири
rnМинатото лето сламените шешири беа додаток што го носеа речиси сите, но ќе бидат заменети со нешто неочекувано – рибарски шешири. Овие шешири се носеа на крајот на 90-тите и почетокот на 2000-тите, а сега повторно ги гледаме како дел од комбинациите на познатите трендсетерки.rn
4. Кратки панталони
rnПрекратките панталони кои едвај покриваат нешто полека ја губат својата популарност. Ова лето ќе бидат заменети со бермуди кои се малку над колената.rn
5. Едноставни бикини
rnКласичните бикини ова лето се во втор план. Доколку сакате да изгледате неверојатно на плажа, вложете во бикини со невообичаен крој и модели со додатоци како колани, реси, бисери и панделки.
Погледнете и кои модели на чанти се хит оваа пролет.

