Дури и ако еднаш неделно темелно го чистите домот, во деновите помеѓу чистењето може да настане вистински неред. Можеби вие одлично се снаоѓате сред тој хаос, но кога треба да исчистете набрзина, важно е да ја искористите секоја минута. Во продолжение погледнете ги 11-те чекори со кои ќе имате блескав дом за многу кратко време и ќе ви се најдат кога треба да ви доаѓаат гости.rnrn
rn
1. Прво најважното
rnВо која просторија ќе минувате најмногу време? Започнете со чистење оттука. Во ова ситуација важи правилото прво најголемото, а потоа исчистете ги и помалите нешта.rn
2. Направете забранета зона
rnВо домот сигурно имате едно место каде што гостите не смеат да одат. Таму можете да оставите што било што не ви е за покажување.rn
3. Една корпа за сè
rnРазни хартии, играчки парчиња облека… најголемиот неред настанува кога нештата се на подот, креветот или нафрлани по полиците. Земете една кутија ил корпа и во неа ставете ги сите вакви предмети. Доколу можете, ставате ја корпата во забранетата зона.rn
4. Прекривачи
rnПрекривачите од креветите истресете ги и постелете ги убаво.rn
5. Метење
rnСо правосмукалката поминете низ главните простории – ходникот каде што ќе влегуваат гостите и собата во којашто ќе седите. Подот без прашина и разни отпадоци изгледа како да е добро исчистен.rn
6. Редење на куп
rnСоберете ги старите весници и книги и наредете ги еден врз друг.rn
7. Прашина
rnСо крпа од микровлакна поминете врз површините каде што најчесто се собира прашина, како полиците и телевизорот. Исто така израмнете ги рамките на сликите.rn
8. Тоалет
rnВо тоалетот погрижете се за чисто лабаво, тоалетна хартија и сапун, а тргнете ги предметите како четка за заби, крема и слично. Избришете го и огледалото, а во тоалетната школка ставете средство за чистење и неколку пати пуштете вода.rn
9. Кујна
rnСтавете ги валканите садови во лавабото. Со влажна крпа избришете ја работната маса. Доколку чувствувате мирис од храна, ставете кора од лимон и цимет во отворено тенџере со вода.rn
10. Затворање
rnЗатворете ги сите врати од гардероберите и собите. Спуштете ја даската на тоалетната школка и повлечете ја завесата на тушот.rn
11. Атмосфера
rnПригушете го светлото, запалете ароматична свеќа и пуштете тивка музика. Удобната атмосфера е навистина важна.rnrnПогледнете ги и овие трикови за брзо и едноставно пролетно чистење на домот.
