КАФЕ ПАУЗА

Загрижувачко истражување: Голем број жени не знаат каде се наоаѓa вагината

Истражување: Голем број жени не знаат каде се наоаѓa вагината

Верувале или не, половина Британки не знаат каде точно се наоѓа вагината. Барем ова го покажало истражувањето спроведено од британскиот медицински портал YouGоv. Во анкетата учествувале над 2.000 возрасни жени од Велика Британија.rnrnИстражување: Голем број жени не знаат каде се наоаѓa вагинатаrnrnАвторите на истражувањето им покажувале на жените илустрации од женски гениталии. Дури 45% од нив не знаеле да ги именуваат деловите на вагината, ниту пак да покажат каде се наоѓа органот.rnrnВеројатно веќе не е ни чудно што повеќе од половина од жените, односно 55%, не знаеле да го покажат мочниот канал. 43% од испитаничките погрешно ги покажале срамните усни. Кога ќе се земе предвид колку жените (не) го познаваат своето тело, очекувано е мажите да покажат уште полоши резултати.rnrnШест од десет мажи не можеле правилно да ја лоцираат вагината. Од нив, речиси две третини, односно 61%, не биле сигурни ниту каде е, ниту пак што е мочниот канал. Речиси половина од припадниците на посилниот пол не знаеле каде се наоѓаат срамните усни на жените.rnrnЕдинствениот интимен дел од женското тело што го препознале и Британците и Британките бил клиторисот – него го идентификувале 69% од мажите и 71% од жените.rnrnПогледнете ги и митовите за вагината во кои треба да престанете да верувате.