Колку често треба да ја перете постелнината?
Веројатно се прашувате колку често треба да ја менувате и перете вашата постелнина. Дури и ако секоја вечер легнувате во чист кревет, сигурно по само неколку денови чувствувате дека е време да ја исперете постелнината. Во продолжение дознајте нешто повеќе за хигиената во вашата спална соба.
Чистота на постелнината
Според експертите, чистотата на постелнината зависи од тоа колку е чиста вашата спална соба, но и навиките што ги имате. Односно, дали вашите миленичиња спијат во вашиот кревет, дали јадете во креветот, дали редовно проветрувате и слично.
Имено, по само еден ден, на вашата постелнина се наоѓаат прашина, коса, мртва кожа и влакна од миленичињата. Доколку често проветрувате, голема е веројатноста во просторијата да влезат и нечистотиите од надвор.
Средување
Најверојатно помислувате дека постелнината треба да се менува секој ден. Но според експертите подобро е да се обидувате да ја зачувате спалната соба што можно почиста. Просторот за спиење најдобро е да го уредите во скандинавски или минималистички стил, така што чистењето нема да ви биде голема обврска.
Во спалната соба најдобро е да има што помалку покуќнина, а доколку можете не ставајте завеси, тепих и облека.
Менување на постелнината
Според експертите, постелнината треба да ја менувате најмалку еднаш, па дури и два пати неделно. Ова е сосема доволно доколку редовно ја чистите спалната. Постелнината треба да ја перете на висока температура. Доколку имате сушална, со нејзина помош ќе ги отстраните и останатите бактерии и прашина.
Перење
Средството за перење ќе ви помогне да отстраните дел од прашината и нечистотиите. За да се осигурите дека сте отстраниле речиси сè, најдобро е постелнината да ја перете на 90 до 95 степени Целзиусови.
Погледнете и како да ги исперете пожолтените перници.