Нова опасност: Се меша ДНК на оралниот и гениталниот херпес
Според научниците, пред повеќе од 6 милиони години, гениталниот и оралниот херпес се разделиле и станале различни видови. Но сега изгледа дека вирусите повторно се мешаат и се соединуваат, комбинирајќи ја нивната ДНК. На овој начин, херпесот би бил потежок за лекување.
Комбинацијата на гените создала нов вид херпес кој можеби е отпорен на постоечките лекови со кои досега се третираше гениталниот херпес.
Оралниот херпес се појавува кај над две третини од луѓето на возраст до 50 години. Според податоците од Светската здравствен организација, секоја петта жена е заразена со таканаречен генитален херпес, додека вирусот се појавува кај 25% од мажите.
И кај двата пола заразеноста со оралниот херпес се искачува и до 90%, а инфекцијата останува засекогаш и лековите само ги ублажуваат симптомите.
Постојат многу подгрупи на вирусот херпес. Иако е познато дека оралниот го напаѓа пределот на устата, а гениталниот пределот на гениталиите, понекогаш гениталниот херпес може да се пренесе на устата преку орален секс. Типичен знак за инфекцијата на устата е меур кој пука, а потоа се создава кора која може да боли, пече или чеша. Слично се манифестира и гениталниот херпес за кој често може да нема никакви симптоми, па заразената личност го шири без воопшто да знае.
Според американските лекари, изминативе неколку години сè почести биле појавите на орален херпес на гениталиите и областа околу анусот. Овој тип вирус се пренесува преку бакнежи, делење на прибор за јадење или делење четка за заби. Гениталниот херпес се пренесува исклучиво со полов однос.
Симптомите на вирусот се ублажуваат со помош на лекови, но поради мешањето на двата вида херпес, постои опасност од појава на отпорност.
Научниците од Универзитетот во Вашингтон анализирале лабораториски примероци од заразени луѓе, во периодот од 1994-та до 2016-та година. Тие секвенционирале ДНК од 250 вируси и ја споредувале со постари податоци. Изненадувачки, научниците забележале дека некои делови од ДНК имаат дел и од двата вируси, и уште некои комбинации на заеднички генетски материјал.
Сегментите од оралниот во гениталниот херпес биле 10 пати почести за разлика од минатото. Имало и случај каде што пациентот се заразил и од двата вируси чија ДНК се измешала во неговото тело. Засега научниците не пронашле отпорност на постоечките лекови за херпес, но истакнале дека ова е можно да се случи.
Поради комбинацијата постои можност гениталниот херпес да стекне отпорност од оралниот. Со ова би се комплицирано лекувањето на болеста, нешто на коешто работат многу лаборатории.
Сепак, некои лекари веруваат дека нема да има голема промена околу лекувањето. Денес постојат ласери и плазма кои го неутрализираат воспалението. Вирусот можеби останува во телото целиот живот, но со ласер се „деактивира“ воспаленото место и се поттикнува обновувањето на кожата.
Многу поважно е заболените да внимаваат на својот имунитет. Важно е консумирањето пробиотици, витамин Д, цинк и витамин Ц. Исто така потребно е регулирање на стресот, како и намалено излегување на сонце кое може да го поттикне развојот на инфекцијата.
Погледнете и како можете да се заразите со сексуално преносливи болести без полов однос.