КАФЕ ПАУЗА

Кои се и какви се најсреќните врски?

Кои се и какви се најсреќните врски?

Среќната љубовна врска вклучува меѓусебно почитување, разбирање, поддршка и подготвеност за компромис. Едно ново истражување покажало дека постои уште еден показател дека сте во среќна врска.rnrnКои се и какви се најсреќните врски?rnrnЛуѓето во сериозни љубовни врски се навикнати да делат сè, односно речиси сè. Додека повеќето парови немаат проблеми со делењето на храната, тоалетот и сметките, многу луѓе се воздржани кога станува збор за споделувањето на нивните најинтимни мисли.rnrnИстражувањето дошло до заклучок дека можноста да разговарате со партнерот целосно искрено, и тоа буквално за сè, кажува многу за квалитетот на врската.rnrnВо истражувањето учествувале парови кои во просек биле заедно две и пол години. Испитаниците требало да одговараат на прашања за тоа колку им е добра комуникацијата со партнерот, колку се задоволни од сексуалниот живот, колку разговараат за секс, за што разговараат со партнерот и дали се подготвени да разговараат и за непријатни теми.rnrnСе покажало дека паровите кои си ги откриваат и најинтимните мисли се во најсреќни врски, најзадоволни од сексуалниот живот и сметаат дека имаат силна поврзаност со партнерот.rnrnПогледнете ги и знаците кои покажуваат дека сте во среќна и здрава врска.