18 едноставни правила за татковците кои одгледуваат ќерки
Зарем има нешто послатко од татко кој ја обожава својата ќерка? Но многу често татковците се помалку заинтересирани за одгледување ќерки, само затоа што не знаат што да прават и од каде да почнат. Па доколку сте татко кој има ќерка, следниве 18 правила ќе ви бидат од помош.
1. Сами миете ги садовите
Готвење, чистење, перење… вашата ќерка мора да види дека и мажите можат да ги прават овие нешта. Истото важи и за играње – не срамете се да си играте со куклите на вашата ќерка. Среќата на вашето дете е поважна од секој стереотип.
2. Минувајте време со неа
Ова е можеби најдобриот совет за татковците. Почнете уште од првиот ден од нејзиниот живот. Менувајте ѝ пелени, држете ја, шетајте со неа, играјте си со неа. Која било активност каде што ќе можете да минувате време заедно.
3. Одговарајте на сите нејзини прашања
Заборавете на зборовите „Прашај ја мајка ти“. И таткото треба да одговара на прашањата. Сепак, што би можела да ве праша ќерка ви, а вие да не го знаете одговорот? Доколку сепак не можете да одговорите, обидете се заедно да го најдете одговорот.
4. Колку повеќе „детски“ обврски преземате, толку подобро
Жената што го родила детето не учи сè што е потребно за еден ден. Таа учи постојано, а истото треба да го правите и вие. Па, немојте да испуштате можност да промените пелена или да ја смирите ќерка ви. Колку повеќе правите, толку подобро.
5. Кажувајте им го точното име на деловите од телото
Истражувањата покажале дека децата кои ги знаат деловите на телото уште од рано детство, полесно комуницираат со лекарите. Користењето на точните термини за анатомијата ќе му помогне на детето да го прифати и да го разбере своето тело, ќе ја подобри поврзаноста со родителите, а може дури да спречи и насилство.
6. Научете ја ќерка ви да игра фудбал
Или кошарка или кој било спорт што го сакате. Таа ќе се чувствува гордо и ќе мисли дека има предност пред другите девојчиња. Доколку имате хобија, доколку ја сакате вашата работа, ќерка ви ќе ги прифати овие квалитети и ќе бара нешта што сака да ги прави.
7. Понудете ѝ помош на сопругата пред да побара
Многу често младите мајки не знаат како да побараат помош, а некогаш пак не се ни свесни дека им е потребна. Ова се моментите кога треба да истапите напред. Не прашувајте дали можете да направите нешто, туку останете со бебето, дајте ѝ време на мајката да се истушира или вие однесете го детето на лекар. Доколку уште сега не станете активен дел од животот на ќерка ви, никогаш нема да се поврзете.
8. Танцувајте со неа пред нејзината венчавка
Таткото е првиот маж во животот на девојчето. Доколку таткото се грижи за неа, тогаш и таа самата ќе се грижи за себе. Според психолозите, ова ќе ѝ помогне во иднина да одбере партнер кој ќе прави да се чувствува безбедно.
9. Бидете нејзин татко во текот на целата недела, не само за викенди
Најверојатно вие одите на работа, а мајката е таа што останува дома. Навечер, после напорниот ден, сигурно немате енергија да бидете татко. Но имајте на ум дека и вашата партнерка е преморена, а да се биде татко е работа што трае 24 часа, 7 дена во неделата.
10. Ако оди со мајка ѝ на базен, одете и вие
Немојте да се срамите, дури и ако нема други татковци. Тоа е нивен проблем. Навистина е важно да бидете дел од големите настани во животот на вашата ќерка. Покрај тоа, добро е да знаете кој број на чевли и облека носи.
11. Учтиво одбијте ја ако ви рече да се венчате
Кога ќе биде на возраст помеѓу 3 и 6 години, можно е вашата ќерка да ви рече да се венчате. Тогаш учтиво одбијте ја. Таткото е првиот маж кон кој девојчето ја покажува нејзината женственост. Колку постара станува, толку понепријатни ситуации ќе се случуваат. Поради ова, татковците често се срамат и се оддалечуваат, но тоа може да има лошо влијание врз самодовербата на девојчето.
12. Научете ја на самоконтрола и дисциплина
Ова се нештата што ги учи таткото. Според психолозите, игрите помеѓу татковците и ќерките се важни моменти во животот на детето. Татковците се повеќе слушани и нивните правила се повеќе почитувани. Ќерките им даваат посебен третман на татковците и поради разликата во полот, но и бидејќи им недостасува вниманието од таткото.
13. Не срамете се да ја бакнете
Не плашете се да изгледате премногу чувствителни. Искажувањето на вашите чувства е добро за физичкото здравје, и вашето и на ќерка ви. Реагирајте на нејзиниот успех како што ви вели срцето, а не според стереотипите што постојат. Нема ништо лошо во тоа да се насмевнете кога ќерка ви ќе ви нацрта цвет.
14. Правете нешта кои не бараат физичка сила
Татковците често се третирани како луѓе кои можат да отворат нешто невозможно, да подигнат нешто тешко или кои се доволно храбри навечер да одат до продавница. Но грижата на татковците вклучува многу повеќе. Можете да го утешите вашето дете во болница откако ќе ја добие вакцината, да му помогнете да одбере играчка или да му помогнете да го излади неговиот оброк. Вашата ќерка не може да ги направи овие работи без вас.
15. Третирајте ја ќерка ви како еднаква на вас
Слушајте кога има нешто да ви каже и немојте да ја игнорирате. Дозволете ѝ да ги покаже нејзините љубов и внимание. Немојте да ги потиснувате нејзините негативни чувства, не ѝ наредувајте и не ѝ се заканувајте. Едноставно, бидете човечко суштество наместо строг надзорник кој само наредува.
16. Носете ја на рамена
Правете го ова додека е сè уште лесна. Доколку ќерка ви е премала, не плашете се да користите ранец или носилка за дете. Експертите покажале дека на овој начин, врската помеѓу таткото и детето станува посилна.
17. Научете ја да ги прифаќате одбивањата
Изгледа дека родителите се обидуваат да го направат детето да се чувствува среќно со себе, но потребно е да го научите и да разбере одредени нешта. Доколку некој не сака да направи нешто со ќерка ви, не значи дека ја одбива, туку дека едноставно не му се допаднала идејата.
18. Знајте ги вашите права
Можете да земете отсуство доколку вашето детето е болно. Потребно е и вие да се грижите за здравјето на вашата ќерка.
Погледнете и зошто врската помеѓу таткото и ќерката е нераскинлива.