Секој од нас понекогаш минува низ лош период. Во овие моменти најверојатно мислите дека целиот свет е свртен против вас и дека нема никаква надеж. Важно е да знаете дека и тоа ќе помине, а за да си го олесните целото искуство, обидете се да ги најдете овие нешта.
rn
1. Некој на којшто можете да се потпрете
rnЛичноста на којашто можете да се потпрете во тешките моменти има непроценлива вредност за вашиот живот. Ова е пријател кој секогаш се грижи за вас, кој не е во вашиот живот само поради интерес и кој навистина ве сака и почитува.rn
2. Место на коешто можете да отидете
rnКога ќе дојдат тешките денови, од голема важност е да имате место на коешто ќе можете да се засолните од животната бура. Тоа не мора да биде место оддалечено со километри од вашиот дом. Сосема доволно е да имате барам една просторија во која ќе можете да заборавите на сè и да се опуштите.rn
3. Нешто што можете да правите
rnКога ќе ве притиснат неволјите од животот, најдете некоја активност што ве смирува и посветете ѝ се. Обидете се да не станете пасивни, бидејќи тоа може да ви ја влоши состојбата. Најдете некое хоби што го сакате и што ви причинува задоволство и ќе забележите дека расположението брзо ќе ви се подобри.rn
4. Соништа и цели кои можете да ги постигнете
rnКога ќе дојдат тешките моменти, немојте да мислите дека ќе траат засекогаш. Обидете се да најдете барем една светла точка и живејте за неа. Ова ќе ви даде сила да ја надминете бурата, бидејќи после секој дожд, доаѓа сонце.rn
5. Одговори што ќе ве смират
rnОвие одговори можете да ги најдете во приказните, инспиративните цитати и животните искуства на другите кои поминале низ истото како и вие. Гледајте, читајте, слушајте и проучувајте ги животите на луѓето чии проблеми не ги уништиле, туку ги направиле посилни.
Прочитајте ги и овие пораки што ќе ви се најдат во тешките моменти кога губите верба во себе.

