Без разлика дали сте во среќна врска, имате проблеми со партнерот или целосно сте се откажале од состанувањето, веќе знаете дека љубовта си има добри и лоши моменти. Понекогаш пак воопшто не можете да предвидите кога доаѓа следната фаза.rnrn
rnrnДоколку постојано завршувате со погрешен партнер или ви изгледа како да не можете да најдете никој, можеби проблемот е во вашиот хороскопски знак. Се разбира, без разлика на колку лоши први состаноци сте биле, никој не е постојано несреќен во љубовта. Па дури и да се најдете на оваа листа, без сомнение, некаде ве чека вашата сродна душа.rn
1. Рак
rnКога станува збор за љубовта, Раковите вложуваат сè. Ова не е нивна вина, бидејќи во природата им е да одат до крај кога станува збор за емоции. Тие се навистина добри и чувствителни, па потребно им е долго време да закрепнат откако ќе бидат повредени. Кога ќе сфатат дека врската нема да успее, чувствуваат голема тага.rn
2. Девица
rnНесреќата во љубовта на Девиците има две страни. Најпрво, кога се вљубуваат, тие љубат толку чисто, што им е речиси невозможно да се вљубат повторно. Иако остануваат отворени и оптимисти за наоѓање нова љубов, ќе треба да бакнат многу жаби пред да го најдат својот принц.rn
3. Јарец
rnВладеени од Сатурн, Јарците се навистина сериозни луѓе. Тие немаат толку несреќа во љубовта, колку што им е лош тајмингот. Најверојатно ќе ја сретнат вистинската личност, но во погрешно време. Или пак ќе ја сретнат погрешната личност во вистинското време. Сепак, без разлика со колку разочарувања ќе се соочат во љубовта, Јарците брзо преболуваат.rn
4. Риби
rnНесреќата на Рибите се крие во нивната неможност да ги согледаат негативните страни на луѓето. Бидејќи најчесто го гледаат светот низ розови очила, Рибите често ги избегнуваат лошите карактеристики, а знаат да завршат и како жртва. За среќа, лесно ги преболуваат љубовните разочарувања и можат да го остават минатото зад себе.rnrnДознајте и зошто немате среќа во љубовта според хороскопскиот знак.
