15 чудни традиции од целиот свет

Сподели

Секој доживеал културолошки шок барем еднаш во животот. Кога на пример, ќе отпатувате во Египет, навистина ќе ве збуни кога ќе дознаете дека другарките ја штипат невестата пред свадба за среќа. Покрај ова, секоја традиција може да ни покаже многу за вредностите на државата и за нејзината култура. Па, погледнете ги овие 15 изненадувачки традиции кои постојат и денес и кои ги зачудуваат луѓето од целиот свет.rn

Реклама

1. Без употреба на тоалетна хартија, Индија

rnМногу туристи ќе се изненадат кога ќе откријат дека тоалетната хартија не е нешто што често го има во тоалетите во Индија. Наместо тоалетна, до школката има мала кофа со вода. Користењето тоалетна хартија е воглавно лоша идеја бидејќи може да ги затне цевките и создава дополнителен отпад.rn

2. Забрана за употребување на тоалетот после брак, Индонезија

rnВо Тидонг, Индонезија, на венчаниот пар не му е дозволен да оди во тоалет 3 денови после венчавката. Доколку го направат ова, тоа се смета за несреќа во бракот. Младенците се надгледувани од членовите на семејството за да не ја прекршат традицијата, додека добиваат малку храна и вода.rn

3. Поздравување со плукање, Масаи

rnИако плукањето се смета за неучтиво во многу култури, во кениското племе Масаи, ова е начин на поздравување и покажување почит. Членовите на племето плукаат на нивните дланки пред да се ракуваат, а им го прават ова и на новородените бебиња, па дури и на несвестите со цел да ги благословат.rn

4. Не подарувајте жолта роза, Мексико

rnРозите се одличен начин да ги покажете вашите чувства, а ова важи во речиси секоја држава. Но бојата на розите во некои држави има одредено значење. Во Мексико, подобро е да се држите до традиционалната црвена роза наместо жолта, бидејќи таа значи смрт во мексиканската култура.rn

5. Кршење чинии пред свадба, Германија

rnНеколку недели пред германските свадби, гостите носат чинии и шолји кои потоа се кршат во домот на младите. Потоа момчето и невестата треба да го исчистат нередот, нешто за коешто се верува дека ќе им донесе среќа и ќе ги охрабри заедно да работат во бракот.rn

6. Фрлање цимет на самците, Данска

rnЕдна стара традиција од 16-тиот век, сè уште постои во Данска. Доколку некој остане сингл до 25-тиот роденден, неговите пријатели ќе фрлаат цимет на него. Традицијата се однесува на данските продавачи на зачини кои често немале време за брак поради нивните патувања.rn

7. Доцнење, Венецуела

rnБез разлика дали станува збор за настан, состанок или забава во Венецуела, луѓето често пристигнуваат малку подоцна од договореното. Овде луѓето сакаат поопуштено темпо кога станува збор за бизнис, а за време на големите социјални настани, ова едноставно значи привлекување внимание.

Продолжува на следната страница

Популарно

Може ќе ве интересира