Прекрасни куќи изградени за само 6 дена

Сподели

Овој проект е дело на компанијата „Bliss Spaces“, а неговата реализација се наоѓа во северниот дел на Лондон. Уникатно замислениот проект го сочинуваат две приватни куќи, кои се на три ката, а секоја од нив е распослана на 370 метри квадратни. Во прекрасните дворови кои се наоѓаат зад градбата, двете куќи имаат и свое дополнително студио.

Реклама

Кога на прв поглед ќе ги погледнете овие два дома, навистина е тешко да се поверува дека се изградени за само 6 дена. Сите материјали кои се употребени за куќите се монтажни, па така за нивната изградба биле потребни само 6 луѓе. При изведувањето на градежните методи и имплементирањето на целокупниот дизајн, биле применети најновите техники за енергетска ефикасност кога се во прашање огревот и осветлувањето на куќите.  Двете куќи имаат подно греење, ЛЕД осветлување, дупли прозорци и камини во дневните соби.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

Популарно

Може ќе ве интересира