Едно европско истражување открило дека децата кои имаат чести изливи на бес, имаат поголеми шанси да станат богати и да постигнат задоволителен успех во нивната кариера.rnrn
rnrnВо истражувањето биле земени предвид платите и образованието на луѓе кои оделе во училиште во Луксембург. Се покажало дека оние кои во младоста им се спротивставувале на родителите и авторитетите, почесто се запишувале во средно училиште и на факултет, а со тоа стекнувале и подобар успех на добро платени работни места.rnrnИстражувањето на професорката Ангела Дакворт од Универзитетот Пенсилванија, ја потврдило оваа теорија. Според неа, децата кои во раната младост се категоризирани како своеглави и тешки, имаат поголема веројатност да бидат успешни во кариерата. Таа смета дека причината за ова е тоа што овие деца се истрајни и насочени кон остварување на зацртаните цели.rnrnМногу родители се прашуваат дали викањето и хистеричното плачење се нормален и природен дел од развојот, а многу психолози сметаат дека се.rnrnИмено, децата често не можат со зборови да ги искажат нивните емоции. Па лошото однесување е еден начин на изразување и справување со чувствата кои се обидуваат да ги разберат или да ги променат. Па, кога следниот пат вашето дете ќе полуди бидејќи не му давате нешто, можете да се тешите со идејата дека еден ден можеби ќе стане директор или доктор.rnrnПогледнете кои се најважните нешта што ги прават родителите на успешните деца.
Карактеристика што покажува дека вашето дете најверојатно ќе биде богата личност
